Автор: инфодеск
Post Views: 8 Во недела, на 25.09.2022 година, на терасата на Хотел Нова Ривиера во Охрид ќе се одржи вториот регионален Саем на социјални претпријатија.Саемот, во 11 часот ќе го отвори советникот во советот на Општина Охрид Перчо Божиновски.Ќе говори Барбара Садовска, тим лидер на проектот, а свое претставување ќе имаат и градоначалници кои доаѓаат од Европската Унија, како и петнаесетина социјални претпријатија од регионот. Саемот е од отворен карактер и ќе трае до 14 часот.
Укината забраната за движење во шуми
Post Views: 13 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја укина делумната забрана за движење во шуми и шумски земјишта заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.Одлуката е спроведена на барање на Јавното претпријатие „Национални шуми“, откако претходно на 24 јуни годинава стапи во сила забраната за движење низ шумски предели поради зголемен ризик од шумски пожари.
Управувале возило под дејство на алкохол
Post Views: 8 Продолжуваат полициските акциски контроли во сообраќајот.На 21-ви и 22-ри септември 2022 година, во периодот од 22 до 01 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачје на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 6 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (двајца во Охрид, во Струга 3-ца возачи и еден во Дебар). Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира портпаролот на секторот Стефан Димоски.
Утре во Охрид Годишна берзанска конференција
Post Views: 14 Во Охрид утре ќе се одржи 21. Годишна берзанска конференција. Се очекува да присуствуваат домашни и меѓународни експерти, претставници од бизнис секторот, банки, брокерски куќи и акционерски друштва.Македонска берза веќе две децении години организира годишни конференции коишто претставуваат настан со препознатлив имиџ, како во однос на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и во однос на компетентноста на учесниците во бројните панели и одржани презентации и говори.Поради пандемијата со Ковид-19 претходните две години оваа традиција беше...
Исчезна 38-годишен охриѓанец
Post Views: 13 На 21.09.2022 година во 20 часот, Д.М.(69) од Охрид во надлежната полициска станица пријави дека од семејниот дом во Охрид, се оддалечил неговиот син В.М.(38).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од СВР Охрид.
Пронајдена бактерија во виршлите Wudy
Post Views: 18 Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Македонија, виршли од брендот Wudy, кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија Listeria мonocytogenes ST 155, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (RASSF) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно повлекување на следниве небезбедни серии од овој производ:Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии,...
Машини за одржување хигиена во три училишта
Post Views: 7 Три средни училишта во Општина Охрид деновиве добија машини за одржување на хигиена.Го подигнуваме нивото на хигиена во средните училишта во градот. За таа цел набавивме машини за одржување на хигиената за трите средни училишта – напиша градоначалникот Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.Вредноста за набавката изнесува 500 000 денари.
Санација на потпорен ѕид во Стар град
Post Views: 22 Деновиве се врши санација на потпорниот ѕид на пресекот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Рашанец“.Во комуникација со жителите од Стар град, овој потпорен ѕид беше означен како приоритетен за санација. После завршување на санацијата на потпорниот ѕид се надминува опасноста од негово паѓање и појавување на свлечиште – информира градоначалникот Кирил Пецаков.Изведувач на градежните зафати е „Бокоп“.