Автор: инфодеск
Post Views: 32 На 21.01.2023 година во 03 часот, во СВР Охрид приведен е Л.Ш.(18) од Охрид кој претходно, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, се однесувал агресивно кон полициските службеници.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Велешанец ширел говор на омраза на фејсбук
Post Views: 51 СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(24) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, по текст објавен од еден портал, постирал коментар со кој ширел говор на омраза и поттикнувал насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Млад охриѓанец ја нападнал својата мајка
Post Views: 49 На 20.01.2023 година во 08:10 часот, во СВР Охрид пријавено е дека А.Ј.(17) од Охрид, во семејниот дом, со остар предмет и се заканувал на неговата мајка.Тој потоа и физички ја нападнал. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Пронајдено безживотното тело на охриѓанецот Фадил Брао
Post Views: 85 Во атарот на селото Расино пронајден охриѓанецот Фадил Брао кој неколку дена се водеше како исчезнат.Според неофицијални информации, безживотното тело на Брао и неговиот автомобил ги пронашле ловџии во раните утрински часови.Повеќе информации во текот на денот.
Горивата со нови цени од полноќ
Post Views: 52 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.01.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 7,084 %, кај дизелот 4,546 %, кај екстра-лесното масло 4,351 % и кај мазутот 5,491 %.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка...
Приведени три лица за нападот врз Х.П.
Post Views: 41 Полициски службеници од СВР Охрид денеска (20.01.2023) по преземени мерки и активности во координација со ОЈО Охрид за расчистување на случајот со физички напад врз Х.П. (21) од Охрид, пријавен на 19.01.2023 околу 22.30 часот, ги приведоа С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид.По целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство во Охрид ќе биде поднесена кривична пријава – информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Охриѓанец се однесувал агресивно кон полицајци
Post Views: 57 На 19.01.2023 година околу 23:30 часот на кеј „Македонија” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување од М.А.(25) од Охрид кон полициски службеници кои преземале службени дејства.Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Жител на Брежани се однесувал недолично на бул. Туристичка
Post Views: 50 На 19.01.2023 година во 14:45 часот во СВР Охрид приведен е Ј.В.(52) од селото Брежани, општина Дебрца, кој претходно, на булеварот „Туристичка” во Охрид, со недолично однесување кон граѓаните го нарушил јавниот ред и мир.При преземањето на службените мерки, полициските службеници со агресивно однесување биле попречувани од М.А.(49) од Охрид. Тој е приведен и по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Охрид.







