Автор: инфодеск
Post Views: 37 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот активно и оваа година работи на медиумски туристички кампањи во таргет земјите Полска, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Косово и Турција.Учеството на туристите од примарните земји од вкупниот број на странски туристи и остварени ноќевања е 30% за првите 11 месеци од 2022 година.Поради намален буџет, медиумската туристичка промоција на земјава нема да се реализира во Романија, Германија, Белика Британија, Холандија, Италија, Шпанија и Словенија, земји кои имаат значаен...
Денот на рибарите одбележан на Сараиште
Post Views: 45 Денот на рибарите, втор ден Водици или Собор на Свети Јован Крстител. На Сараиште денес се одржа традиционалното капење во водите на Охридското езеро. Чинот привлече голем број посетители кои беа послужени со греена ракија. Годинава изостана подготувањето на познатата рибна чорба и пача, но затоа забава со староградска музика подготви Охридскиот музички еснаф. Охриѓани велат дека ова е празник за градот и вековна традиција која низ годините се прославуавала многу, со песна и ора и богати трпези, но се сеќаваат и на моменти кога истата била забранувана.„За...
Се намалува невработеноста во струшко
Post Views: 41 Моментално во подрачното одделение на Агенцијата за вработување Струга има околу 3.000 лица. Интересно е што се зголемува бројот на висококвалификуван кадар кој бара работа, а нискоквалификуваната работна сила се намалува.Во однос на родовата застапеност иста застапеност има и на мажи и жени. Од Агенцијата велат, во регистарот на невработени лица дел се активни баратели на работа, но дел не бараат работа, се запишуваат само заради здравствено осигурување.Значи во 2021 имавме 3.582 невработени кои што се пријавени активни баратели. Во 2022 имаме 3.227, а...
Нападнат секретарот на бугарскиот клуб во Охрид
Post Views: 98 Физички нападнато 21-годишно лице од Охрид, стои во извештајот на СВР Охрид. Нападнатиот се здобил со тешки телесни повреди за што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од тројца охриѓани кои му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот...
Гир : Нелегалните градежни активности мора да запрат
Post Views: 42 Нелегалните градежни активности во охридско-струшкиот регион мора да запрат. Во овој регион каде природните убавини ги има во изобилство, нелегалните градежни активности се јасна и присутна опасност, што и е нотирано во извештаите на рекативната комисија на УНЕСКО, порача при неговата неодамнешна посета на Охрид Евроамбасадорот Дејвид Гир.Она што е важно да се напомене е тоа дека нелегалните градежни активности мора итно да запрат. По дефиниција станува збор за кршење на правото, поради што мора се преземе акција за да се спречи нелегалното градење –...
Попова Шапка под снежна покривка
Post Views: 48 До седум часот утринава снежната покривка на Шапка достигнала 26 сантиметри, а на планината се измерени -3 Целзиусови степени, што е најниската измерена температура во моментов во земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.УХМР за денеска најави снег на планините и на повисоките места како резултат на спуштањето на температурите.Освен на Попова Шапка, каде што утринава се измерени -3 целзиусови степени, ниски температури се измерени на повеќе места во земјава. Во Лазарополе се измерени -2 степени, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3...
Три лица физички нападнале 21-годишен охриѓанец
Post Views: 37 На 19.01.2023 година околу 22:30 часот, во Охрид пријавен е физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на...
Сѐ уште се трага по исчезнатиот охриѓанец Фадил Брао
Post Views: 44 Исчезнат е 76-годишниот Фадил Брао од Охрид.Фадил исчезнал со неговиот автомобил голф 5 со регистрација OH131BS.Неговите најблиски молат за помош, а доколку имате било каква информација, јавете се на телефонскиот број 072573364.Случајот за исчезнувањето на Фадил е пријавен и во СВР Охрид.На 18.01.2023 година во 09:30 часот во СВР Охрид, С.А.(43) од Охрид пријави дека од семејниот дом се оддалечил неговиот татко Ф.Б.(76) од Охрид. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.







