Skip to main content

Автор: инфодеск

Полиција

Тепачка во зграда на улицата Ванчо Николески

Post Views: 39 На 18.01.2023 година во 19:55 часот, во зграда на улицата „Ванчо Николески” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С.(40) кон Т.Р.(54) и М.Р.(29), сите од Охрид.На нападот му претходеле закани кои Н.С. ги упатил кон двете лица на паркинг простор пред зградата. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР.

Продолжи со читање

Семејно насилство

Охриѓанец физички ја нападнал сопругата

Post Views: 55 На 19.01.2023 во 02:30 часот во СВР Охрид е приведен Ш.Е.(43) од Охрид, кој претходно во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Црвен Крст

Бројни интервенции, Црвен Крст на висина на задачата

Post Views: 49 Екипите на охридскиот Црвен Крст денеска беа на висина на задачата. За безбедноста на капачите и сите посетители на денешната манифестација по повод Водици се грижеа 4 тимови на Црвен крст со 12 спасители на вода, 4 медицински тимови со 20 медициниски лица за укажување прва помош кои не дозвоилија да се случи поголем инцидент.„Брановите си го направија своето се направи навистина голема гужва и за среќа помина се како што треба. Навистина беше голем предизвик за нас во делот на обезбедувањето со медицинските екипи и со спасителите на вода и со нуркачите....

Продолжи со читање

Грип

Расте бројот на заболени од грип

Post Views: 54 Голем број заболени од грип во земјава, а расте бројот на заболени и во Охрид. Преку 70 пациенти дневно имаат на преглед матичните лекари, а пикот велат се уште не е ни достигнат.Според матичните лекари, симптомите со кои најчесто се јавуваат пациентите се силна болка во грлото, малаксаност и висока температура. Погодени се сите возрасти, од млади до повозрасната популација. Кај децата сега стагнира болеста бидејќи се на распуст.Има многу пациенти, имаме навала на пациенти во просек седумдесеттина прегледи, некогаш повеќе, некогаш помалку. Симптологијата...

Продолжи со читање

Јован Рафтоски

После неколку обиди, оваа година среќна за Јован Рафтоски

Post Views: 53 Православните христијани во Струга го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици. После богослужбата во црквата „Свети Ѓорѓи“, светиот крст беше спуштен во водите на реката Дрим околу 11 часот. Оваа година, после неколку обиди, најсреќен 32 годишниот стружанец Јован Рафтоски. За Рафтоски не бил голем предизвикот и покрај силниот ветар да го извади крстот од матните води на Црн Дрим, но верува дека неговиот годинешен подвиг ќе му донесе среќа.Скокам 5-6 години, прв пат го фаќам оваа година, 2023-та. Сакам да им го честитам на сите овој...

Продолжи со читање

Охридска пастрмка

(ВИДЕО) Мрестот на охридската пастрмка-Исконски ритуал

Post Views: 166 Нуркачите од Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид десеттина години во периодот од почетокот на декември до крајот на февруари секоја вечер го следат мрестот на Охридската пастрмка.Овој исконски ритуал кој се поврзува со самото настанување на езерото е привилегија за нуркачите од АМФОРА кои пред мрестот ги чистат местата од цврст отпад и нечистотии на длабочина од 2 до 40 метри за да можат пастрмките на чист терен да ја положат икрата.Воедно тие ги пратат навиките на пастрмките и ги документираат со подводни фотографии и видео материјал, а со единствена цел...

Продолжи со читање

Васко Довлев

Васко Довлев го фати Светиот крст во Охрид

Post Views: 45 Среќниот фаќач на Светиот крст во Охрид е Васко Довлев.И покрај силниот ветер и големите бранови во Охридското езеро стотици верници скокнаа во студените езерски води да го фатат положениот крст.Фаќачот на крстот заедно со неговата тајфа, традиционално денеска ќе ги посетат домовите на охриѓани, а притоа ќе им го честитаат големиот празник Богојавление – Водици.Фото/Канал5

Продолжи со читање

Водици

Денеска е Богојавление Водици

Post Views: 77 Православните верници денес го празнуваат големиот христијански празник Богојавление Водици.Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната...

Продолжи со читање