Skip to main content

Автор: инфодеск

НП Галичица: Посетителите можат да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот

Post Views: 222 Поради зголемената опасност од шумски пожари и согласно препораките на Владата, Јавната установа Национален парк Галичица воведува мерки за контролирано движење низ шумските подрачја.– Овие мерки имаат за цел да ја заштитат природата, да спречат пожари и да овозможат безбедно уживање во паркот за сите посетители. Посетителите можат да ја регистрираат својата посета и да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот, велат од НП Галичица.Инаку, целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува ЈП Национални...

Продолжи со читање

Сончево со мала до умерена локална облачност

Post Views: 119 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од утре до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.Денешните минимални температури во Охрид од 16, а максималните до 30 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 9.

Продолжи со читање

Светиот апостол Јуда

Post Views: 173 Еден од дванаесетмината. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома, ќерката на Ангеј (син Варахиин, Захариев), Јосиф дрводелецот имаше четири сина: Јаков, Јосија, Симон и Јуда. Овој Јуда понекогаш се нарекува и Јуда Јаковов, по брат му Јаков, којшто е попрочуен од него. Своето послание свети Јуда го почнува вака: „Од Јуда, слуга на Исуса Христа, брат Јаковов.“ Иако и тој можеше да се нарекува брат Господов колку и Јаков, тој тоа не го правеше од смирение и срам, зашто во почетокот не Му веруваше на Господ...

Продолжи со читање

Утре почнува претпрограмата на 8. Beach Film Festival

Post Views: 158 Од 2 до 7 јули на плажата Сараиште во Охрид ќе се одржи претпрограма за осмото издание на „Beach Film Festival“ кое е најавено во периодот од 23 до 27 јули.–Селекцијата „земја во фокус“ оваа година ја претставува Германија. Во соработка со Гете-институт Скопје, публиката ќе има можност да погледне седум современи германски филма. Секоја вечер од 2-и до 6-ти јули, со почеток од 20:30 часот, ќе се прикажуваат внимателно избраните филмови, секој од нив уникатен и забавен на свој начин, велат организаторите.На 2 јули ќе биде прикажан филмот „Два спрема...

Продолжи со читање

Пребрзото возење низ туристичко Пештани ја загрозува безбедноста на мештаните и туристите

Post Views: 171 Пребрзото возење низ село Пештани, главен проблем за мештаните и туристите. Алармот го вклучи немил настан деновиве, кога дете беше удрено од автомобил на пешачки премин. Велат, никој не ја почитува максимално дозволената брзина во населено место, се вози многу побрзо, а во лето сообраќајот е премногу густ. Илјадници автомобили, автобуси патуваат кон Свети Наум и Албанија врвејќи низ туристичкото село каде куќите се одделени од плажата и шеталиштето со регионален пат.  Загрижени за безбедноста на своите деца бараат итно сообраќајно решение.–Сме...

Продолжи со читање

Нов бран превентивни кампањи на СВР Охрид

Post Views: 121 „И јас и ти сме пешаци”, ,, Носи кацига”, „ Користи пешачки”, „Одговорно паркирај”, „Спречи кражби”, се новите превентивно-едукативни кампањи што, СВР Охрид отпочна да ги реализира, во пресрет на главната туристичка сезона.Целта е подигнување на безбедносната култура кај граѓаните, јакнење на свеста и совеста за поголема внимателност во заштита на личниот имот и сопственост нај граѓаните, одговорно однесување во сообраќајот и подигнување на сообраќајната безбедност. Полициски службеници од отсекот за превенција, на повеќе...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“ и дел од „Јане Сандански“

Post Views: 112 Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:00 до 11:30 часот без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“ и дел од „Јане Сандански“.

Продолжи со читање

Целосно санирани дупките и асфалтирана улицата пред комерцијата зграда во охридската болница

Post Views: 262Од ЈЗУ Општа болница Охрид информираат дека после долг период, во кругот на ОБ Охрид беше решен еден од проблемите кој ги засегаше како пациентите така и вработените во оваа установа.–По налог на Општина Охрид изминатиот викенд се изврши интервентна санација на ударните дупки во кругот на ОБ Охрид, а се изврши и целосно асфалтирање на патот пред комерцијалната зграда во која покрај техничките служби се сместени и одделенијата за радиологија, физикална медицина, трансфузиологија и биохемиска лабораторија, велат од ЈЗУ Општа болница...

Продолжи со читање

Откриена античка римска бања кај селото Прилепец, Прилепско

Post Views: 254 Прилепскиот Завод и Музеј продолжува со археолошките ископувања во месноста Долиште во близина на селото Прилепец, каде за првпат на оваа локација се истражуваше во 2022 година.Како што информира Маркукуле, археолозите пронашле една просторија од римска античка бања. Тоа е просторијата во рамки на бањата во која луѓето кои доаѓале да ја одржуваат својата телесна хигиена се потеле, т.н. судаториум. Оваа просторија имала висечки под од керамички плочи и малтер кои лежеле врз столбчиња од т.н. хипокаустни керамички кружни тули. Под овој висечки под струел топол...

Продолжи со читање

Од денес стапуваат на сила забраните за движење на тешки товарни возила при екстремно високи температури, за градење во центарот на Охрид и за движење во шумите

Post Views: 182 Од денеска, на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.Исто така, од денес стапува на сила и забраната за изведување градежни работи во централното градско подрачје, а се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, на просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50 метри, туристичките локалитети од каналот...

Продолжи со читање

Свети маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул

Post Views: 153 Леонтиј беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „висок, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се раболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, велејќи: „Ако сакаш да бидеш здрав, извикајте трипати кон небесата, ти и сите твои војници: „Боже Леонтиев, помогни ми!“ Ова...

Продолжи со читање

Сончево, максималната температура до 32 степени Целзиусови

Post Views: 148 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.Во Охрид минималната температура од 15, а максималната температура ќе достигне од 32 степени.

Продолжи со читање