Skip to main content

Автор: инфодеск

Фејсбук

Жител на Струмица поттикнувал говор на омраза на фејсбук

Post Views: 32 СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против З.П.(56) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој на 24.06.2022 година на текст од портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со недолична содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полиција

Прилепчанец приведен во Охрид

Post Views: 37 На 16.01.2023 година во СВР Охрид приведен е М.Д.(28) од Прилеп.При претрес извршен со судска наредба во стан во Охрид што тој привремено го користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полициско возило

Три лица нападнале маж на бул. Туристичка

Post Views: 45 На 16.01.2023 година во 15:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка” во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Х. од Струга заедно со уште две лица, врз М.А.(42) од Охрид.По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Државен пазарен инспекторат

56 казни за пушење во затворен простор

Post Views: 74 Од 10 до 14 јануари пазарните инспектори извршиле 200 инспекциски надзори, а издадоа 56 прекрошни налози за непочитување на Законот за заштита од пушење.Казните за овие прекшоци, пушење во затворени простории во угостителски објекти, се од 2.000 до 4.500 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра.Казна е предвидена и за гостинот кој пушел во затворена просторија во некој ресторан или кафуле – од 100 до 300 евра во денарска противвредност.Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат дека ќе продолжат со контролите.

Продолжи со читање

Пожар

Маж загина во пожар во Струмица

Post Views: 62 Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во куќа на улица „Пиринска“ број 26 во Струмица.Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три противпожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.Екипи на ЈО Струмица и полицијата вршат увид на местото на пожарот.

Продолжи со читање

Струга пешачки

Струшка невладина собра пари за лекување на прегазената жена

Post Views: 40 Невладината организација „Хумани стружани” за неполни два дена ги собра потребните 3.100 евра за болничките трошоци на повредената 58-годишна жена, која пред една недела беше прегазена и оставена на пешачки премин во Струга, објави СДК.мк.Таа во критична состојба, со тешки повреди и крвавење во мозокот била примена во болницата „Свети Еразмо“, откако несовесниот возач ја прегазил и избегал од местото на несреќата. Настанот го пријавил минувач, а полицијата сѐ уште работи на расчистување на случајот.Семејството на жената, која е од Албанија, а живее...

Продолжи со читање

Водоводна пумпна станица Свети Еразмо

Водоводната пумпна станица Свети Еразмо нема да работи до 10-ти февруари

Post Views: 61 ЈПКД Дебрца ги известува жителите на Оровник, Подмоље и Горенци дека поради изведување на градежни работи кај водоводната пумпна станица Свети Еразмо и промена на водоводни цевки ф315 во должина од 70метри, водоводната пумпна станица Свети Еразмо нема да работи од 17.01.2023 година до 10.02.2023година.Водоснабдувањето за Оровник, Подмоље и Горенци во овој период ќе се врши од водоводната пумпна станица Требеништа.

Продолжи со читање

Горива

Поскапуваат горивата

Post Views: 45 Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,918 %, кај дизелот 3,712%, кај екстра-лесното масло 4,303 % и кај мазутот 1,552 %.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,785 %.Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува 1,50 денар/л.Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Продолжи со читање