Skip to main content

Автор: инфодеск

Цвет 75

Театарски настапи на Драмското студио Цвет 75

Post Views: 42 Драмското студио за деца и млади „Цвет 75“ од Охрид веќе 5 години претставува простор кој младите ентузијасти, театарџии го користат за развивање на својот креативен потенцијал. Ги користат просториите на Средното економско училиште каде поделени во две групи, малата за деца од 6 до 9 години и голема група од 10 и повеќе, вежбаат и творат во различни форми, креираат претстави и создаваат емисии претежно наменети за детската популација. Малата група по повод Божик и новогодишните празници настапи во детската градинка „Јасна Ристеска-Росица“ со едночинката Утринско...

Продолжи со читање

Водици

19 јануари неработен за граѓаните од православна вероисповед

Post Views: 39 Богојавление Водици 19 јануари (четврток), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.Од Министерството им го честитаат празникот Богојавление Водици на граѓаните од православната вероисповед.

Продолжи со читање

Полициски службеници

Казнети 13 возачи во Охрид

Post Views: 67 На 15.01.2023 година од 08 до 14 часот, на подрачјето на Охрид, реализирана е засилена сообраќајна акциска контрола.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 13 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (09-во населено место, 04-надвор од населено место.) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Земјотрес

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Охрид

Post Views: 46 Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри североисточно од Тирана, во близина на Бурел, јавија албанските медиуми.Како што се наведува, по првиот следел втор, полесен земјотрес. Засега има информации само за помала материјална штета во областа Клос.Земјотресот беше почувствуван и во Македонија и во Црна Гора. Земјотресот ги стресе и Охрид, Кичево, Струга и Дебар.

Продолжи со читање

Охридски аеродром

2,4 милиони патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2022

Post Views: 39 ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележи 70% пораст во патничкиот сообраќај во 2022, споредено со 2021 година, додека споредено со референтната година во воздухопловството, 2019 година, патничкиот сообраќај е на -11%, односно 89% стапка на закрепнување согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година.Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, двата македонски аеродрома, ја завршија 2022 година со значително...

Продолжи со читање

Црвен крст охрид

Црвен Крст со препораки и активности за Водици и Денот на рибарите

Post Views: 44 Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.На 18.01.2023 (среда) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и...

Продолжи со читање

Водици

Последни подготовки за Богојавление Водици

Post Views: 63 Нуркачите од клубот за подводни дејности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Акватек“ викендов го исчистија дното на Охридското Езеро кај пристаништето каде ќе биде положен Светиот крст во езерските води.Оваа акција има за цел обезбедување на безбедна локација каде што ќе се фрла светиот крст од разните отпадoци кои претставуваат потенцијална опасност за скокачите по крстот. Сликата со која се соочија охридските нуркачи речиси иста и годинава. Во акцијата за чистење на езерското дно кај градското пристаниште пронајдоја и отстранија доста метални предмети, шипки,...

Продолжи со читање

Струга пешачки

Прегазена жена на пешачки премин во Струга оставена на улица, заврши во болница

Post Views: 43 Ја прегази автомобил, a возачот избега, повредената жена е во болница и нема пари за лекување. Несреќата се случи пред неколку денови, во ноќните часови, кога 58-годишна жена од Албанија, која живеела во Струга била прегазена на пешачки премин и оставена на улица.Со тешки повреди и крварење на мозокот, во критична состојба е хоспитализирана во Специјалната болница „Свети Еразмо”. Оперативните зафати засега чинат над 3000 евра, невладината „Хумани стружани” собира пари за лекување.Пред неколку денови беше прегазена една жена на пешачки...

Продолжи со читање