Skip to main content

Автор: инфодеск

Македонски ракометари

Македонија оди на победа против Холандија

Post Views: 63 Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 18:00 часот во Краков го игра вториот меч од групната фаза од Мундијалот.Противник на „црвено жолтите“ е незгодната селекција на Холандија, а нашиот селектор Кире Лазаров во однос на мечот со Норвешка направи две измени во ростерот.Едната промена е принудна, додека втората од тактичка природа. На местото на повредениот десен бек Томислав Јагуриноски доаѓа Давид Савревски, додека изненадување е тоа што Костадин Петров кој беше одличен во воведниот меч, сега ќе го нема. На негово место е Павче...

Продолжи со читање

Комуналец

Левица : Работниците на ЈП Охридски Комуналец оставени без декемвриската плата

Post Views: 67 „Додека градоначалникот Кирил Пецаков и директорот на ЈП ,,Комуналец”, Саше Најдески, се сликаа на охридскиот плоштад за време на верските празници Бадник и Божик, работниците на ЈП ,,Комуналец” Охрид и Василица ја поминаа без плата“, се вели во денешното соопштение на Левица.Левица прашува:Дали е точно дека причината за ваквата состојба во ЈП ,,Комуналец” е целосната исплата на сомнителниот тендер, склучен меѓу ЈП ,,Комуналец” и битолската фирма ,,Грин-Тим”, тежок 153.496 евра, за изнајмување на метачки, за кој Левица веќе ја...

Продолжи со читање

Марихуана

Приведен 33-годишен охриѓанец

Post Views: 32 На 13.01.2023 во 12.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 33 годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР.Оттаму додаваат дека по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Продолжи со читање

Вевчански карневал

Дејвид Гир во посета на Вевчански карневал

Post Views: 124 Делегација од Европската унија, предводена од евроамбасадорот Дејвид Гир беше во посета на Општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски, а воедно и на Вевчанскиот карневал.На средбата беше разговарано за напредокот на Општина Вевчани и поддршката која во иднина ќе ја добие општината од Европската Унија.Го посетивме „Вевчански карневал“, кој се одржува по повод Новата година според стариот календар. Со над 1.400-годишна традиција, карневалот е манифестација исполнета со забава, сатира, бои и музика. Амбасадорот Дејвид Гир го доживеа звукот на...

Продолжи со читање

Грк охрид

Прослава на Василица во семејството на ГРК Охрид

Post Views: 85 Празникот Василица беше одбележан и во Градскиот ракометен клуб Охрид, во присуство на градоначалникот Кирил Пецаков. Паричката ја најде голманот Зураби Цинцадзе.Нашиот голман Зураби Цинцадзе беше најсреќниот. Му посакуваме добро здравје и успешна сезона. За многу години – напишаа од ГРК Охрид.

Продолжи со читање

Свети Василиј

Денеска се празнува Свети Василиј Велики

Post Views: 106 На 1 јануари според стариот, односно 14 јануари според новиот календар, христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил на овој ден во 379 година.Именден на овој ден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове,...

Продолжи со читање

Охрид центар

Бројот на странски туристи зголемен за 84,5 отсто

Post Views: 31 Повеќе од 56.800 туристи имало лани во ноември. Државниот завод за статистика пресмета дека 36,2 отсто од нив биле домашни туристи, а 63,8 отсто странски.Тие направиле вкупно 124.969 ноќевања, од кои 40,6 отсто се од домашните туристи, а 59,4 отсто од странските туристи.Според податоците на статистика, бројот на туристи во земјава е зголемен за една година за 38,8 отсто. Зголемувањето на бројот на туристи главно го прават странските кај кои зголемувањето е за  84,5 отсто. Кај домашните туристи бројот е зголемен за 6,2 отсто.Во периодот јануари –...

Продолжи со читање

Вевчански карневал

Започна карневалското лудило во Вевчани

Post Views: 42 Во падините на Јабланица карневалското лудило. Вевчани денес наликува на слободен театар без граници со многу хумор и сатира. Зурли, тапани, покрај традиционалните зетот и невестата, Глупавиот август и ѓаволите, низ вевчанските улици продефилираа стотици маски.Во фокусот на карневалот беше енергетската и економската криза, европската интеграција на земјава, спорот со Бугарија, војната во Украина, изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Низ улиците прошетаа и министерката за одбрана Славјанка Петровска, Жан Митрев и покојната кралица Елизабета.Првиот...

Продолжи со читање