Skip to main content

Автор: инфодеск

Спортска манифестација

Се подготвува голема спортска манифестација

Post Views: 25 Одржан првиот официјален состанок на кој беа презентирани детали околу подготовката и организацијата на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 18-ти до 27-ми август, со поддршка на Локалната самоуправа.На состанокот присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков, претставници на Здружението за промоција и развој на водените спортови „Фестивал на водени спортови“, претставници на клубовите за водени спортови од Охрид, претставници на Хидробиолошкиот завод, претставници на туристичкиот сектор, претставници на...

Продолжи со читање

Охрид

Повеќе од 15000 холандски туристи се очекуваат во Охрид годинава

Post Views: 40 На интернационалната саемска манифестација во Холандија -“Vakantiebeurs Utrecht” која се одржува од 12-ти до 15-ти јануари 2023 македонските туристички потенцијали во комбинација со македонски вина и храна се промовирани на првиот ден од саемот, во заедничкa организaција на АППТ и ТУИ- Холандија.Интересот за македонскиот туристички пазар е зголемен и нашата дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, но и генерално во овој дел на Европа – велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.На...

Продолжи со читање

Јавен превоз

Битолчанец вршел јавен превоз без лиценца во Охрид

Post Views: 63 На 11.01.2023 Одделението за криминалистичка полиција при СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(28) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“ по чл.284-а ст.1 од Кривичниот законик.Имено, на 19.12.2022 на бул. „Туристичка“ пријавениот е затекнат со патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, негова сопственост, како врши јавен превоз на патници, а при тоа не поседувал соодветна лиценца за вршење превоз – се вели во соопштението на...

Продолжи со читање

Пожар

Пожар од плинска боца во куќа на ул. Даме Груев

Post Views: 49 На 10.01.2023 во 20:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар од плинска боца во куќа на ул. „Даме Груев“, во која живеел Р.М.(54) од Охрид.Пожарот е изгаснат од страна територијалната противпожарна единица, а Р.М. се здобил со повреди, поради што е пренесен во Медицински центар Охрид за укажување на лекарска помош – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.Увид изврши екипа од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Куче скитник

Закони за заштита на животни има, но никој не ги спроведува

Post Views: 144 Закони за заштита на животните во земјава има, но тие се мртво слово на хартија. Не се спроведуваат. Бездомните животни секојдневно се изложени на нехуман третман. Тепање, убивање, труење, малтретирање на уличните животни е секојдневие. Активистите обвинуваат, надлежните институции не преземаат ништо.Итно мора да се реши овој проблем, состојбата е алармантна и итно, ама итно, мора да се преземат мерки за уличните кучиња. Ние како љубители, активисти, кои спаѓаме во здруженијата за заштита на животните, апсолутно не оправдуваме да има чопори и глутници, туку...

Продолжи со читање

Планински шампионски височини Дејан Ангелоски

Планински шампионски височини

Post Views: 49 Со минимум шеснаесет километри секојдневен тренинг, трчање до планински шампионски височини. За Охриѓанецот Дејан Ангелоски зимскиот период не претставува пречка во остварување на целта, а тоа е подобрување на својот пласман на државно ниво, балкански и европски првенства во трчање на планина. Со десеттина балансирани тренинзи неделно, искачувајќи ја Галичица, ја одржува кондицијата и свеж фокус за идните натпреварувања.„Зимскиов период немам паузи, тренингов ми е распределен, општо во волумен и интензитет, зимно време работам само волумен. Моја главна трка...

Продолжи со читање

Светска банка

СБ го корегира на 2,4 проценти растот на македонската економија за годинава

Post Views: 50 Светска банка во најновиот Извештај за глобалните економски перспективи прогнозира раст на македонската економија од 2,4 проценти годинава, што е за 0,7 процентни поени помалку во однос на објавената проекција во јуни лани.Проекцијата на Владата за економскиот раст на државава за годинава е 2,9 проценти.СБ има надолна ревизија и на проекцијата за македонскиот БДП за 2024 година за кога прогнозира дека ќе изнесува 2,7 проценти, односно надолната корекција е 0,5 процентни поени.Анализите на СБ покажуваат дека Македонија ја заврши 2022 година со раст од...

Продолжи со читање

Гала концерт Василица

Вечерва и утре Гала оперски концерт по повод Василица

Post Views: 71 По повод празникот „Василица“, вечерва и утре со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт.Како што информираат од НОБ, за да се одбележи традицијата на Василица, кога се крши лепче со паричка, на 13 јануари публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а среќниот кому ќе му се падне ќе добие гратис-билети за целата сезона на Националната опера и балет.Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува. Оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите...

Продолжи со читање