Автор: инфодеск
Post Views: 46 Светската банка ги намали прогнозите за раст за 2023 година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на глобалниот економскиот раст.Глобалниот бруто домашен производ се очекува да порасне за 1,7 отсто во 2023 година, што, без рецесиите од 2009 и 2020 година, е најниската стапка во речиси три децении, се вели во извештајот на Светска банка.Во претходниот Извештај за глобалните економски изгледи, објавен во...
Празнична посета на корисниците на програмата Најди време
Post Views: 39 По повод новогодишните и божикните празници, волонтери на Црвен крст Охрид коишто учествуваат во организирањето и во спроведувањето на програмата за грижа за стари лица „Најди време“, во текот на вчерашниот ден посетија корисници на оваа програма.Покрај тоа што им ги честитаа празниците и им посакаа здравје и среќа, волонтерите ги израдуваа посетените корисници на програмата „Најди време“ со пригодни подароци.
Жител на Ливада осомничен дека усмртил 7 кучиња скитници
Post Views: 43 На 10.01.2023 во 17:15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, извршен е службен разговор со М.З.(62) од селото Ливада, струшко.Тој се сомничи дека во периодот од 06:45 до 07:15 часот на улица „Владо Малески” во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Второто полугодие ќе почне на 23 јануари
Post Views: 42 Владата соопшти дека денеска на 118. редовна седница, го разгледала и го усвоила предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари, да почне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.
Од годинава повратот на ДДВ ќе се зголеми на 2100 денари
Post Views: 52 Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка.Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември 2022 година го утврди текстот на Предлог-законот со кој се зголемува максималниот износ на поврат на ДДВ...
Ѓорѓи Јолевски со награди на фестивали во Индија
Post Views: 62 Краткометражниот игран филм „Ако немаше небо“, снимен по сценарио и во режија на Бранко Попчевски, ги освои наградите за најдобар краток филм, како и за најдобар актер за улогата на Ѓорѓи Јолевски, на филмските фестивали во Калкута и во Мадјапрадеш, во Индија.Во филмот покрај Јолевски игра и Елизабета Клинчаревска Младеновска, а истиот е сниман во продукција на „Сан Арт“. Се работи за здружение за аудио-визуелни уметности од Скопје, основано во 2015 година од страна на Бранко Попчевски, чие долгогодишно искуство како продуцент и композитор 30+ години во...
НАТО и ЕУ потпишаа декларација за поблиска соработка
Post Views: 50 Официјални лица од Европската унија и НАТО се согласија да ја „зајакнат“ нивната соработка за безбедност и поддршка на Украина додека се бори да ја одбие руската инвазија.Заедничката декларација за соработка НАТО-ЕУ, потпишана денеска во Брисел, има за цел да ја подобри соработката и да ја заштити критичната инфраструктура, како и да одговори на безбедносните импликации предизвикани од климатските промени, странското мешање и кампањите за дезинформација – изјави шефот на НАТО, Јенс Столтенберг.„Мораме да продолжиме да го зајакнуваме партнерството...
Поднесено обвинение против Жан Митрев
Post Views: 47 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против др Жан Митрев и неговата клиника.Обвинителниот акт за физичкото и правното лице е поднесено за кривично дело измама, информираа денеска на брифинг во Обвинителство.За ова кривично дело предвидена е казна затвор од една до 10 години.ИРЛ минатата година објави сторија во која обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови -МАЛМЕД.







