Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево, максималната температура до 32 степени Целзиусови

Post Views: 148 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.Во Охрид минималната температура од 15, а максималната температура ќе достигне од 32 степени.

Продолжи со читање

Одржана педесет и осмата седница седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 107 Денес, советниците ја одржаа педесет и осмата седница, на која на дневниот ред преовладуваа точки од образованието и урбанизмот.Советниците без многу дискусии ги усвоија точките за годишните планови за вработување во сите основни училишата и ЈП „Граски пазар“, како и точките за вклопување на бесправно изградените објекти на територијата  на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Дизелот поефтинува за 1 денар, бензините за два денари

Post Views: 216 Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,3 отсто во споредба со претходната одлука.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 77,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а...

Продолжи со читање

Сабајлево пожар во глисер во каналот Студенчишта, предизвикана материјална штета и на други два глисери во негова близина

Post Views: 153 Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка  „Aquaviva 23“, сопственост на 47 годишно лице од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема, а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина.Врз запалениот пловен објект, веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници...

Продолжи со читање

Охридското Езеро преполно со „мрежи духови“

Post Views: 144 Охридското Езеро преполно со рибарски мрежи, кои имаат далекусежни негативни последици врз екоситемот. Изгубени, намерно фрлени од страна на рибокрадците или однесени поради невреме во „мрежите духови“  се заплеткува се што ќе помине од риби, краби, ракови, птици и отпад.Пред само неколку денови во струшко беа пронајдени и одземени четири висечки рибарски мрежи во должина од сто метри со 300 парчиња белвица.Хидробиолошкиот завод и годинава ќе реализира акција за вадење на мрежите.-Ќе бидат покриени од Трпејца заклучно до...

Продолжи со читање

ФА „Отекс Фолк“ Охрид ќе го претставува македонскиот фолклор во Литванија

Post Views: 269 Фолклорниот ансамбл Отекс Фолк ќе го претставува македонскиот фолклор во Литванија.Денеска на турнејата замина првата постава на Отекс Фолк која брои 29 играорци. Ансамблот ќе учествува на фолклорниот фестивал Цвеќе на сонцето кој се одржува од 30.06 до 08.07.Фестивалот има натпреварувачки каракатер и на него учествуваат 13 ансамбли од повеќе земји.Викендов, пак, втората постава од Фолклорниот ансамбл Отекс Фолк, која брои 40 играорци, учествуваше на фестивал Балкански котел во Радомир, Бугарија.

Продолжи со читање

Сертифицирани 10 нови спасители на отворени води

Post Views: 146 Црвен крст Охрид Центар за Безбедност на Вода успешно ја реализираше обуката за спасители на отворени води, на која учествуваа и се сертифицираа 10 нови спасители.Како што информираат од Црвен крст, програмата опфати теоретски и практични модули од областа на:-Спасување и извлекување на активни и пасивни давеници од отворени води,-Употреба на специјализирана и прирачна спасувачка опрема,– Превентивни мерки за зголемување на безбедноста во и покрај вода,-Укажување основна и напредна прва помош во итни ситуации.-Со успешно...

Продолжи со читање

СВР Охрид: 55 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената

Post Views: 141 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај.Притоа, полициските службеници извршиле контрола на 87 моторни возила, во Охрид затекнале 55 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената (22 надвор од населено место, 17 во населено место) како и 9 возачи кои на места каде со сообраќаен знак е забрането, извршиле престигнување на други возила (Кичево 6 и Дебар 3). Против овие возачи, поднесени се соодветни платни налози.– Возачите на моторни возила,...

Продолжи со читање

Горазд Јованоски е првенец на генерација на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Post Views: 263 Првенец на генерацијата 2025 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ е Горазд Јованоски од електротехничката струка во профилот Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.Како што информираат од школото, своето образование го започнал во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, каде добил диплома за континуиран одличен успех. Љубовта кон математиката и логичкото размислување ја изразувал уште од најрана возраст преку училишни и „Brainobrain“ натпревари, каде освојувал бројни награди.–Во текот на средното образование Горазд постојано го докажуваше...

Продолжи со читање

Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил

Post Views: 139 Браќа по тело, Персијци, од татко незнабожец и мајка христијанка. Крстени и воспитани во христијански дух. И како христијани беа високи чиновници кај царот Аламундар. Беа испратени кај царот Јулијан Отстапник за да ги водат преговорите за утврдување на мирот меѓу персиското и грчко-римското царство. Царот Отстапник приреди некаква скверна свеченост за идолите во Халкидон. На таа свеченост царот и големците им принесуваа жртви на идолите. Персиските пратеници отсуствуваа од таа прослава. Царот ги повика и им нареди и тие да земат учество во свеченоста, да им...

Продолжи со читање

Оваа недела нѐ очекува топло време со температури во постепен пораст

Post Views: 94 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.Минималните температури од 16, додека максималните температури ќе бидат до 31 степен Целзиусов.Во текот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, велат од УХМР.

Продолжи со читање

Утре ќе се прска против комарци

Post Views: 147 Утре ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на  пчелите.Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.Во случај на...

Продолжи со читање