Skip to main content

Автор: инфодеск

Променливо облачно време со сончеви периоди

Views: 4 Денеска во Охрид, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со услови за локална појава на нестабилност со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец,Максималната дневна температура до 29 степени.Во Македонија следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Продолжи со читање

Левица предлага мерка „Една членарина по семејство“ за престој во детските градинки во Охрид

Views: 196 Советничката од Левица во Советот на Општина Охрид, Виолета Аврамоска, поднесе иницијатива за воведување на мерката „Една членарина по семејство“, со која семејствата што истовремено имаат две или повеќе деца запишани во јавните детски градинки би плаќале само една месечна членарина. По престанокот на престојот на постарото дете, семејството повторно би плаќало една редовна членарина за помладото дете.Од Левица велат дека целта на иницијативата е да се намали финансискиот товар врз семејствата со повеќе деца и да се обезбеди поголема поддршка за родителите преку локални...

Продолжи со читање

Угостителство

Угостителските услуги во јуни поскапени за 2.6% споредено со јуни минатата година

Views: 245 Во текот на јуни 2026 година, цените во угостителскиот сектор забележаа благо зголемување од 0,2% во споредба со претходниот месец. Во однос на истиот период лани, односно јуни 2025 година, угостителските услуги поскапеле за 2,6%. Ова го покажуваат најновите статистички податоци од Државниот завод за статистика.Анализата за периодот од јануари до јуни 2026 година открива дека цените во угостителството во споредба со истиот период од претходната година се повишиле за 2,8%. Дополнително, во споредба со крајот на 2025 година, односно со декември, забележано е зголемување од...

Продолжи со читање

Полициско возило

Пијан возач излетал од патот кај Прентов мост, две лица тешко повредени во сообраќајни несреќи на подрачјето на Охрид

Views: 219 Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид се евидентирани неколку сообраќајни незгоди, при што две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно лице е лишено од слобода поради управување возило под дејство на алкохол.На 6 јули околу 21:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 48-годишен жител на Прилеп, кој претходно, управувајќи патнички автомобил „БМВ“ со прилепски регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од магистралниот пат Охрид – Ресен, кај месноста „Прентов мост“.По извршеното алкотестирање било утврдено дека...

Продолжи со читање

star grad

Дел од улицата „Свети Климентов Универзитет“ во Охрид затворен за сообраќај до 13 јули

Views: 171 Од денеска па до 13 јули 2026 година ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Свети Климентов Универзитет“ во стариот дел на Охрид.Како што информираат од Општина Охрид, времената измена на сообраќајниот режим е воведена поради изведување градежни работи за отстранување на дефектот на канализационата мрежа.Од локалната самоуправа апелираат до жителите и туристите да го почитуваат привремениот сообраќаен режим и поставената сообраќајна сигнализација, како и да користат алтернативни сообраќајни приоди за време на изведувањето на работите.

Продолжи со читање

Српски полицајци ќе патролираат со македонските колеги во Охрид до крајот на август

Views: 217 Припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, од денеска па до 31 август 2026 година, ќе бидат ангажирани во Охрид, каде заедно со своите колеги од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ќе работат во текот на туристичката сезона.Ангажманот се реализира врз основа на Протоколот за соработка меѓу двете министерства, кој предвидува заедничко полициско присуство на туристичките дестинации заради поголема безбедност и полесна комуникација со странските посетители.Според соопштението на Владата на Република Србија, во Охрид ќе бидат...

Продолжи со читање

Хуманитарен книжевен базар во Културниот центар „Култ“ во Охрид за помош на „Антолог“

Views: 230 Здружението „Креативна верига“ и Културниот центар „Култ“ организираат хуманитарен книжевен базар за поддршка на издавачката куќа „Антолог“, која неодамна претрпе значителна загуба на дел од своите изданија поради поплавите.Настанот ќе се одржи во среда, 8 јули, со почеток во 19 часот, во Културниот центар „Култ“ во Охрид.Граѓаните се повикани да донираат една или повеќе книги од своите домашни библиотеки, кои потоа ќе бидат понудени на продажба по симболична цена од 200 денари. Целокупниот приход од продажбата ќе биде дониран на „Антолог“, со цел да се помогне во...

Продолжи со читање

Денес е Светски ден на чоколадото

Views: 339 На 7 јули ширум светот се одбележува Светскиот ден на чоколадото, ден посветен на една од најомилените слатки намирници. Според историските записи, се верува дека токму на овој датум во 1550 година чоколадото за првпат пристигнало во Европа, по што започнала неговата неверојатна популарност низ целиот свет.Чоколадото има многу подлабоки корени. Потекнува од древните цивилизации на Средна Америка, каде Маите и Ацтеките од зрната какао подготвувале горчлив напиток наречен „xocolatl“, кој го сметале за пијалак што дава сила и енергија. Ацтеките дури ги користеле зрната какао и...

Продолжи со читање