Автор: инфодеск
Post Views: 134 Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст, одржа уште една активност.Членки на Женски Центар ,,Бисера”, за Божик го посетија Геријатриското одделение при Општа Болница Охрид и поминаа пријатни моменти со...
Тепачка во казино во Струга
Post Views: 39 На 07.01.2023 околу 01:20 часот било пријавено дека во казино во објект од хотел во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ф.И.(55) од Струга, од една страна, и М.Д.(22) од с.Горно Косоврасти, дебарско, Ј.Д.(31) од с.Џепиште, дебарско и С.Р.(37) од Струга, од друга страна.По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Утре дожд, од вторник попладне снег
Post Views: 44 Во попладневните часови во текот на утрешниот ден, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вторник, снегот ќе се прошири и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени...
Втор ден Божик
Post Views: 42 Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина...
Божикна честитка на градоначалникот Пецаков
Post Views: 40 Градоначалникот Кирил Пецаков упати Божикна честитка до сите православни верници.„Во духот на најубавите христијански пораки за љубов и благосостојба, упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник Рожденство Христово- Божиќ. Посакувам овие празнични моменти да донесат многу здравје и радост во вашите семејства и да ги исполнат вашите домови со мир и разбирање. Во духот на најубавите христијански пораки за љубов и благосостојба, упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник Рожденство Христово- Божиќ. Посакувам...
24-ти Василичарски Карневал Куратица 2023
Post Views: 98 При крај се подготовките за 24-тиот Василичарски Карневал Куратица 2023.Со денови животот во ова село пулсира во знакот на карневалот кој има дваесет и четири годишна традиција. Жителите ги привршуваат последните подготовки, набавка на дрва за василичарскиот оган, се дотеруваат маските кои ги подготвуваат со многу внимание. Секоја различна и уникатна. Месната заедница од село Куратица, Здружението на граѓани Св. Василиј и населението на с.Куратица ве покануваат на 24-то издание (1 год пауза од пандемија) на Василичарски Карневал Куратица – 2023. Бидете дел од...
Струга конечно ќе го решава проблемот со кучињата скитици
Post Views: 40 Струга конечно најавува решавање на проблемот со уличните кучиња. После бројните реакции на граѓаните за преголемиот број кучиња низ струшките улици и напади врз граѓани, општината со буџетот за 2023 година, предвиде финансиски средства за третман на кучињата.Целта е да се намали бројот, но и агресивноста.Прво ќе се заловуваат женките, а потоа мажјаците, кои ќе бидат стерилизирани, односно кастрирани. Истите ќе бидат обележани и вратени на улица. Општината е немоќна да направи Центар за нивно згрижување, вели Мерко. жКучињата скитници се голем...
Деца од Охрид и Дебрца преку Бадниковата поворка го најавија Христовото раѓање
Post Views: 44 Околу 600 деца од Охрид и Дебрца, многу од нив придружувани од своите родителите, беа дел од охридската Бадникова поворка. Децата кои ги симболизираат ангелите пеејќи ја песната „Вечниот Бог”, по охридските улици, ја најавија радосната вест за Христовото раѓање. Децата беа среќни што се дел од настанот, а Христијан кој денеска има и роденден ја носеше Бадниковата пештера на чело на поворката.Се викам Христијан. Имам 17 години. Оваа година за прв пат сум во поворката и многу сум среќен што сум во поворката – вели Христијан.Децата со песна...







