Автор: инфодеск
Post Views: 34 Бадник е ден на радоста кој верниците го поминуваат во будност очекувајќи го доаѓањето на Спасителот меѓу луѓето како богочовек, вели отец Љупчо Симиџиоски. На Бадник во црквата се служи Утрена богослужба заедно со Царски часови, а потоа вечерна заедно со Василиева Литургија. Светата богослужба ги подготвува верниците телесно и духовно да го прослават Богомладенецот Христос.Празникот Бадник или бдеење во очи на нешто големо што ќе се случи, а тоа е раѓањето во тело на нашиот Спасител Исус Христос. Бог Од преголема љубов, она што го вети на нашите прародители...
Објавена третата верзија на божикната песна Вечниот бог
Post Views: 57 Во пресрет на Бадник и одржувањето на Бадниковите поворки, објавена е третата верзија и спотот на божикната песна „Вечниот Бог“. Официјалната промоција на песната и спотот ќе се одржи утре на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, во рамки на малиот божиќен концерт што ќе и’ претходи на Бадниковата поворка.Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание....
Денеска се празнува Свети Наум Чудотворец
Post Views: 62 Денес се слави Свети Наум Чудотворец. Голем број верници присуствуваат на празничната богослужба, која традиционално се одржува во манастирскиот комплекс на брегот на Охридското Езеро.Свети Наум Охридски Чудотворец бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.Наум беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите...
Жителите на ул. Гоце Делчев повторно без вода
Post Views: 43 Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” ( пукнат yличен шибер), денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: „Гоце Делчев”, вклучувајќи ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи.Екипи на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид се на терен, до завршување на санацијата.
Гала оперски концерт за Василица во НОБ
Post Views: 39 На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023.Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус помладиот – велат од Националната опера и балет.Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев,...
Денеска е светски ден на Брајовото писмо
Post Views: 38 Во чест на одбележувањето на 4 јануари – Светскиот ден на Брајовото писмо, востановен од Обединетите нации во чест на неговиот создавач Луј Брај, Издавачкиот центар АЛДЕБАРАН заедно со Печатницата Тифлографика на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје ќе му подари примероци од изданијата на Брајово писмо кои беа објавени минатата година.Издавачкиот центар Алдебаран во рамките на својата издавачка дејност, објави седум нови книги на Брајово писмо, и тоа лектирни изданија за основните и средните...
Почина д-р Наум Целакоски
Post Views: 121 Уште една охридска легенда го напушти овој свет. Замина во вечноста проф. д-р Наум Целакоски, познат најнапред како професор по македонски јазик во Охридската гимназија, потоа како долгогодишен директор на Историскиот архив во Охрид.На крајот од својот работен век, како професор по културно наследство и декан на Факултетот за туризам во Охрид, напиша на својот фејсбук профил м-р Димитар Смилески, негов пријател и близок соработник.Во објавата на м-р Смилески стои запишано:Првпат го запознав како ученик во прва година во Охридската гимназија во...
Албанија ги лансираше првите сателити во вселената
Post Views: 53 Албанија ги лансираше своите први сателити во вселената, објави премиерот Еди Рама.Речено, сторено. Ракетата Фалкон 9 што ги носеше нашите два сателити Албанија 1 и Албанија 2 во вселената е лансирана – напиша Рама.Тој истакна дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити својата територија.Од денеска Албанија има повеќе високотехнолошки способности за контрола и заштита на територии, обезбедувајќи во реално време важни податоци во голем број клучни аспекти за одржлив развој – изјави албанскиот премиер....







