Автор: инфодеск
Post Views: 46 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2022 година.Корисниците на парични права кои што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јануари 2023 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се...
ТАВ Македонија : Утрово беа откажани два лета
Post Views: 42 Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла, информираат од ТАВ Македонија.Очекуваме подобрување на временските услови после 12 часот напладне. За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, како што ги добиваме во нашите системи. За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на...
Богата музичка програма на Вевчански карневал
Post Views: 50 Музичката програма за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал полека, но сигурно се крчка.Ќе биде полна со македонска музика и легендарни музичари, па се надеваме дека сите вкусови ќе ги задоволиме. Легендите на македонскиот Рок енд Рол – Ласт Експедишн на 12-ти и Легендата на Македонската народна музика, кралот на тамбурашите Нино Величковски и кумановските тамбураши на 13-ти. На 12-ти Венко Серафимовски (Конкорд) и проектот П’рпл Цепелин (Deep Purple and Led Zeppelin трибјут) ќе не движат и развеселат низ музичко патување од младоста,...
Медиумска промоција за зголемување на визибилноста на македонскиот туризам
Post Views: 40 Медиумска промоција во примарните туристички пазари за зголемување на визибилноста на македонскиот туризам започна со реализација на почетоков на годинава. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот активно работи на медиумски туристички кампањи во таргет земјите Полска, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Турција. Учеството на туристите од примарните земји од вкупниот број на странски туристи и остварени ноќевања е 30% за првите 10 месеци од 2022 год.Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во вториот дел од медиумската кампања, промоцијата ја...
Финансиска поддршка за граѓанска организација која координира центар за згрижување деца со атипичен развој
Post Views: 43 Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува финансиски да поддржи граѓанска организација која работи на територијата на општина Охрид и координира Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој и аутистичен спектар. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на семејства од социјален ризик и теба да овозможуваат намалување на трошоците на овие семејства кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 432.000,00 денариУслови кои организациите треба да ги...
Еднократна парична помош за лице згрижено во згрижувачко семејство
Post Views: 43 Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете.Услови кои лицата...
Вевчани се подготвува за Вевчанскиот карневал
Post Views: 64 Вевчани се подготвува за Вевчански карневал – најпознатиот бренд на Македонија, што традиционално ќе се одржи на 12-ти, 13-ти и 14 Јануари. Музичката програма за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал полека, но сигурно се „крчка“.Се најавува богата културно-уметничка програма.Македонска музика и ЛЕГЕНДАРНИ музичари, почнуваме со објавување на дел од Артистите: Се надеваме дека сите вкусови ќе ги задоволиме. Легендите на македонскиот Рок енд Рол – Ласт Експедишн на 12-ти и Легендата на Македонската народна музика, кралот на тамбурашите Нино...
Турски државјанин приведен на охридскиот аеродром
Post Views: 37 На 02.01.2022 во 13:00 часот на Граничниот премин Аеродром „Св. Апостол Павле” во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.(36) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека хрватската патна исправа што ја приложил на увид била фалсификувана.Исто така, при преглед кај него биле пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка – информираат од СВР Охрид.







