Skip to main content

Автор: инфодеск

Аеродром скопје

ТАВ Македонија : Откажани 10 лета, пренасочени 3

Post Views: 40 Од 20 часот на 2-ри јануари до 9 часот наутро денеска на трети јануари 2023 година, авиокомпаниите откажаа 10 лета, а пренасочија 3 лета, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, велат во соопштение од ТАВ Македонија.Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.„За сите натамошни информации во врска стекнување на патничките права, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле...

Продолжи со читање

Точење на гориво

Од полноќ поскапуваат горивата

Post Views: 30 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,153%, кај дизелот за 2,830%, кај екстра лесното масло за 3,424% и кај мазутот за 0,596%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за...

Продолжи со читање

Охрид центар

Новогодишниот викенд навестува враќање на туризмот на старите патеки

Post Views: 37 Туризмот се враќа на старите патеки. Ако Новогодишните празници се земат за репер може да се каже дека, до вчера Охрид беше преполн со туристи исто како пред пандемијата. Наликуваше како среде лето во шпицот на сезона.Според анализите на туристичките работници најбројни беа туристите од Србија, но имаше групи и од Бугарија, Хрватска, Албанија, Турција Романија и Израел.Убавото време, празничната атмосфера придонесоа за бројните туристи да уживаат во прошетките на брегот на Охридското езеро, но и да ги посетат културно историските споменици во...

Продолжи со читање

Магла

И денеска доцнат летови на скопскиот аеродром

Post Views: 38 И покрај густата магла авиосообраќајот во Скопје полека се нормализира. Според веб страницата на скопскиот аеродром утрово полетаа шест авиони додека целосно откажан беше само летот од Шведска за Македонија, а со задоцнување од неколку часа треба да слетаат патниците од Истанбул. Поради густата магла вчера откажани беа 13 летови, а авионите наместо на скопскиот беа насочувани кон аеродромот во Приштина.

Продолжи со читање

Света Јулијана

Света маченичка Јулијана

Post Views: 46 Света маченичка Јулијана и шестотини и триесетте маченици со неа.Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со...

Продолжи со читање

Гоце Делчев

Неколку часа без вода улицата Гоце Делчев

Post Views: 37 Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” ( пукната цевка со профил ф200 мм – салонит), настанат во раните утрински часови, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев”, вклучувајки ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до крстосницата со улицата „Бистрица”.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување на санацијата.

Продолжи со читање

Охрид

Оптимистички најави за 2023 на полето на туризмот

Post Views: 29 Оваа година се очекува стабилизација на туристичкото стопанство, прогнозираат од АППТ. Новите авио линии ќе донесат повеќе туристи во земјава.Со авио линијата Охрид-Белград, која стартува од месец јуни се очекува да се удвои бројот на ноќевања на српските туристи, кој во текот на изминатата година беше зголемен за 40 проценти, но и да ја зајакне економската соработка помеѓу двете држави.Останатите линии не само сезонски туку и редовни ќе ја прошират понудата во текот на целата година.Фокусот повторно ќе биде на регионалните пазари кои треба да ги...

Продолжи со читање

полициска лента

Возило излетало од патот кај Оровник

Post Views: 34 На 02.01.2023 година во 02:15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Оровник, патничко моторно возило „Голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(36) од селото Мешеишта, излетало од коловозот.Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.К.(32) од Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св. Еразмо”. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање