Автор: инфодеск
Post Views: 59 „Почитувана господо од ДПМНЕ, за да говорите за проекти кои носат развој треба да знаете да ги реализирате. Само ако ги реализирате, граѓаните ќе го видат и почувствуваат развојот кој очигледно е само во Вашите глави, илузии и замисли. Но, тоа за Вас не е својствено, она што најдобро го знаете е да навредувате, клеветите, омаловажувате и да губите време во барање виновник за Вашата неспособност“, се вели во соопштение на ОО СДСМ Охрид.Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:„Времето бргу поминува, Вашите проекти се невидливи. На крајот на...
Жители на ул. Асном : Ќе ја тужиме Општината во Стразбур
Post Views: 68 До редакцијата на ТВМ и „Ти си твојот град“, пристигна допис од жители на улицата „Асном“ кои реагираат на лошата состојба на нивната улица. Овој допис, велат, е со цел да побудат професионална одговорност, но пред се’ човечност кај одговорните од Општина Охрид за да ги добијат правата на цивилизирано битисување, замислете, во 21-ви век.„Сликите што ги гледате се секојдневие за станарите на улицата АСНОМ. Улица што, иако го носи името на АСНОМ улицата, или таканаречената “ПИСТА” , претставува нејзина темна опачина: без било какво инфраструктурно...
Стружанец доби кривична пријава
Post Views: 31 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“.На 21.02.2022 во Струга, пријавениот му овозможил на лице од Дебар да користи марихуана. Истиот ден во Охрид, при преглед на патничко возило „ауди а3“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал А.Д., а сопатник било лицето од Дебар, кај А.Д. била пронајдена и одземена марихуана – информираат од СВР Охрид.
Битолчанец приведен во Охрид
Post Views: 29 На 29.12.2022 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.А.(23) од Битола, со привремен престој во Охрид.При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Конкурс за избор на најдобра беседа 2023
Post Views: 31 Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2023 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев под наслов ПРЛИЧЕВ И НИЕ.Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто во недела држел беседи пред своите сограѓани – охриѓани на различни теми во црквата „Св. Богородица – Перивлепта“. Ние од Библиотека преку овој прв Конкурс – на локално ниво сакаме да се обидеме да го поттикнеме творештвото на младите луѓе да пишуваат...
Успешна реализација на Полетарче
Post Views: 30 Успешно заврши реализацијата на есенскиот циклус на „ПОЛЕТАРЧЕ“. Програмата за подготовка на деца за во училиште, во организација на Црвен крст Охрид ја посетуваа деца од 3-5 годишна возраст, кои сѐ уште не тргнале на училиште.Децата на возраст од 3-5 години кои во претходните 3 месеци ја следеа програмата, имаа единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на...
Велгоштанец оштетил дел од инвентар во угостителски објект
Post Views: 38 На 28.12.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.Ч.(43) од с.Велгошти, охридско, затоа што околу 17:50 часот се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот во угостителски објект на кеј „Македонија“.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Традиционален Гала оперски концерт по повод Василица 2023
Post Views: 41 На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023.Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот – информираат од Националната опера и балет.Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ,...







