Автор: инфодеск
Post Views: 41 Лабуништани повторно на масовни протести. Со блокада на патот Струга-Дебар го изразија својот револт поради работата на каменоломите. Велат, според податоците на Здравствениот дом една третина од населението во Лабуништа има респираторни заболувања поради штетните честички и правот кој го вдишуваат.Анализите покажуваат и големо загадување на плодното земјиште. Мештаните, бараат каменоломите итно да прекинат со работа, во спротивно најавуваат порадикални протести и бојкот на настава.Во случај Владата да нема слух за нашите граѓани и покрај сите наши...
Поевтинува струјата за занаетчиите
Post Views: 30 20 проценти поевтина струја од идната година ќе плаќаат малите занаетчии во државава. Неколку месечните заложби на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, средбите и барањата кон Владата за намалување на струјата за занаетчиите се успешни. Сашо Богојевски Претседателот на регионалната комора на занаетчии смета дека ваквото намалувањето е во чии рамки се опфатени над 70 илјади мали фирми кои се на регулираниот пазар е за поздравување.„Меѓу кои и занаетчиите. Цената од 17 денари по киловат е намалена на 13, односно за 20 проценти од нова година....
Јаневски : Недостасуваат организирани новогодишни програми во туристичките центри
Post Views: 34 За Новогодишните празници во туристичките центри во земјава најбројни ќе бидат домашните и регионалните туристи, од Србија, Бугарија, Грција и Албанија.Првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот смета дека Охрид и Струга треба да имаат поорганизирани празнични манифестации за привлекување на што повеќе туристи од европските земји. Новогодишни концерти со ѕвезди, базари и организирани програми кои тур операторите ќе може да ги нудат ширум светот.Дочекот на Новата година треба да создаде поголема конкурентност помеѓу градовите. Ние не...
Последици од користење на петарди
Post Views: 52 И оваа недела волонтерите од Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид продолжија со спроведување акции за зголемување на свесноста кај населението за последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства.Новообучените волонтери од тимот за прва помош и тимот на шминкери за реално прикажување на повреди преку изведување на симулација на ампутирани прсти и изгореници ги прикажаа на основците можните последици од неправилното користење на овие средства за престојните новогодишни празници заедно со волонтерите од Клубот на млади –...
Патеката кај плажите во Далјан со години оставена во лоша состојба
Post Views: 66 Во рубриката „Ти си твојот град“ жители на населбата Далјан ни испратија слики од рекреативната патеката Канео-Далјан, која веќе неколку години е оставена во доста лоша состојба. Поточно, станува збор за делот кај плажите во населба Далјан. Ова е нивниот коментар:Од двете најголеми партии, предизборно ветуваа дека ќе ја реновираат патеката и плус дека ќе ја довршат до Извидничкиот центар. Претходната власт не направи ништо за да ја среди, а и сегашната Локална самоуправа се уште не превзела никакви активности за реновирање на оваа патека која се наоѓа во еден...
Кризата низ призмата на родовата еднаквост
Post Views: 34 Подготвивме кус прашалник преку кој се надеваме дека ќе дознаеме со какви проблеми се соочувате, какви потреби имате и какви промени во секојдневниот живот ви наметна кризата.Вашите одговори ќе ни помогнат да направиме стории и да ги адресираме вашите прашања и проблеми до надлежните.iFrameResize({}, '.webform-share-iframe');
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од Крушево
Post Views: 54 Продолжува потрагата по Киро Пупуноски кој боледува од деменција. Киро е роден 20.03.1958 година. Исчезнатото лице од Крушево го нема веќе седум дена.Доколку имате било каква информација околу исчезнатото лице, јавете се на еден од телефонските броеви:078 466 517078 466 516071692154
Приведен крадец во Охрид
Post Views: 32 Вчера во 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(57) од Охрид.Тој бил затекнат на ул. „Јане Сандански“ во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







