Автор: инфодеск
Post Views: 43 Во пресрет на 2023 година, очекувањата на јавноста за иднината низ целиот свет се невообичаено различни и светот изгледа многу помалку обединет отколку во претходните години. Преовладува песимизмот, се чини дека економскиот просперитет исчезнува, а стравувањата од употреба на нуклеарно оружје се на невидено ниво. Иако традиционално преовладува личната среќа, како целина во светот таа е пониска од претходно.Ова се дел од наодите во истражувањето на меѓународната асоцијација „Галуп интернешенел“ за крајот на годината што традиционално се спроведува последните...
Зголемен водостојот на реката Црн Дрим
Post Views: 64 Зголемен е водостојот на реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани. Вчера изнесувал 100 сантиметри, а денеска се измерени 129, додека на 115 е одредена просечната вредност за месец декември, покажаа најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.Зголемен водостој во однос на декемврискиот просек има и на реката Бабуна кај Богомила, како и на реката Струмица кај Сушево.Намалување на водостојот во однос на вчера има на реката Вардар кај Јегуновце, од 148 на 136 сантиметри, како и кај Скопје ЖМ, од 145 на 125 сантиметри. Сепак, водостојот на овие...
Шахот успешно реализиран во Братство Единство
Post Views: 38 Основното училиште „Братство Единство“ од Охрид предничи во реализација на наставата на изборниот предмет Шах, на локално и на државно ниво. Бирото за развој на образование програмата ја одобри во месец август, а од септември шахот е на листата со изборни предмети во основните училишта во Македонија. Училиштето „ Братство Единство “ ја има предноста што во своите редови го има професорот Борис Лушески кој ја изработи деталната методологија за предметот, а помогна и во подигнување на капацитетот на наставниците. Мирјана Карамешиновска одделенска наставничка во...
Новогодишен базар за најмладите во Вевчани
Post Views: 43 По повод Новогодишните и Божикни празници, денес на плоштадот пред Општина Вевчани беше организиран Новогодишен базар.Директорката на детската градинка „Планински цвет“, Даниела Мурџеска го отвори настанот и им посака добредојде на присутните и истакна надеж дека овој настан ќе премине во традиција. Исто така изрази голема благодарност до Давид Николовски и неговата фамилија за донација на Новогодишните пакетчиња за дечињата.Организацијата покрај вработените од детската градинка, ја потпомогнаа и родителите на дечињата згрижени во градинка. На базарот...
Успешна сезона за охридските стрелци
Post Views: 36 Успешно завршена натпреварувачка сезона на охридските стрелци. Имено, викендов на стрелиштето Марко Цепенков во Прилеп се одржа петтиот, а воедно и последниот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма. Од охридските клубови учество зедоа 20-тина стрелци, кои постигнаа солидни резултати.Во категорија пиштол сениори – севкупен пласман, Ванчо Каранфилов, од ЖСК „Лихнидос”, се пласира на првата позиција. Во истата категорија, Иван Милевски од СК „Охрид”, се пласира на 3-тата позиција во јуниорска категорија, односно 5-тата позиција во севкупен...
Во Прличевата одаја се одржа Попладневно поетско матине
Post Views: 32 „Попладневно поетско матине” се одржа во просториите на Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“. Се читаше проза и поезија од пензионери автори од општина Охрид.Матинето е организирано од Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската...
Марко ја доби наградата за Спортски подвиг на годината
Post Views: 37 Агенцијата за млади и спорт, традиционално на крајот на годината ги прогласува најуспешните македонски спортисти. Меѓу наградените е и охридскиот херој Марко Пејчиновски за подвигот кој го направи годинава со десет препливувања на Охридско Езеро. Летната авантура на Марко, како што тој ја нарекува, започна со препливување на 14 километри долгата патека од Радожда до Охрид. Во јули се одржаа четири препливувања и уште три во август. Помеѓу 27-ми и 28-ми август годинава, тој пливаше патека со должина од 63,84 километри од Охридското пристаниште до Струга, па до...
Финансирање програми од областа на спортот
Post Views: 31 Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2023 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот.Спортот и неговата врска со образованието, здравството,...







