Skip to main content

Автор: инфодеск

Свети Тихон, епископ Аматунтски

Post Views: 173 Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот чист живот и голема ревност за Православието. Во тоа време, сè уште имаше незнабошци на островот Кипар. Свети Тихон вложи апостолски труд за да ги обрати неверните во верни. И имаше во тоа време голем успех. По долгите подвизи на лозјето Господово, се пресели во блажената вечност, околу 425 година. Наречен е Чудотворец заради големиот број чуда што ги направи за време на животот. Татко му...

Продолжи со читање

УХМР и денес со прогноза за сончево и топло време

Post Views: 147  Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец.Минималните температури од 16, додека максималните температури ќе бидат до 30 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од утре следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температурa.

Продолжи со читање

Туризам на свое ниво: дно со дотраени и пеплосани педалинки

Post Views: 403 Додека светот зборува за одржлив туризам, ние застанати во ’87, гордо ги нудиме нашите педалинки кои се обвиткани во мов и рѓа. Наша сограѓанка реагираше во врска со истите кои се изнајмуваат на охридските плажи.-Секојдневно има реакции од посетителите на плажата Горица 3. Од педалинките пеплосани на цела плажа нема место за посетителите. Уште ако се постели пешкир тие сами го тргаат. Цела плажа е узурпирана од педалинки. Срам. До каде ќе оди туризмот во Охрид??? Супер ви е рубриката., вели нашата сограѓанка во нејзината порака.

Продолжи со читање

Викендов сите патишта водат кон Охрид

Post Views: 383 Ако денес тргнавте накај Охрид, понесете си кафе, музика, трпение, но и насмевка. Ве чека огромна колона од коли, но и убаво и сончево време. И пак ќе стигнете, само малку поспоро.Не заборавајте, само возете претпазливо и внимателно.

Продолжи со читање

Денес е Видовден, ден со посебно историско значење за српскиот народ

Post Views: 136 Видовден, еден од најголемите православи празници се празнува на 28 јуни. За Видовден кој посебно го слават Србите и Бугарите, се врзани многу интересни верувања.За српскиот народ овој празник е и историски важен датум поради прочуениот Косовска битка и пигибија на кнез Лазар во 1389 година, но и поради повеќе значајни настани од историјата на српската држава, како што се прогласување на војна на Турција во 1876 година, атентат на австроунгарскиот надвојвода Франц Фердинанд во 1914 година, донесување на Видовденскиот устав во 1921 година и др.На Видовден...

Продолжи со читање

Денес сончево со мала до умерена локална облачност

Post Views: 119 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер (локално над 70км/ч.) од северен правец.Минималните температури во Охрид од 18, а максималните до 30 степени Целзиусов. УВ индексот и денес со вредност 9.

Продолжи со читање

СДСМ: Охрид е во колапс во сите сфери и области

Post Views: 171 Се соочуваме со состојба во која Охрид е во колапс во сите сфери и области. Граѓаните се борат со високите цени, а со тоа и со егзистенција и плаќаат сметки повисоки од било кога. Не мириса на плоден туризам бидејќи градот нема што да понуди освен ѓубре, отпадок, прашина и згради.Освен што нема туристи, ги нема ни самите жители, посочуваат во соопштение од ОО на СДСМ Охрид.–Охриѓани драстично си одат од Охрид со своите семејства, аналогно на фактот дека оваа година има драстичен пад на уписи на ученици во прво одделение, за разлика од претходни...

Продолжи со читање

Одземено оружје од 27 годишен охриѓанец кој ги поседувал без соодветна дозвола

Post Views: 165 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола. При тоа, одземено е и оружје за кое пријавениот поседувал соодветна дозвола.

Продолжи со читање

40 годишен јубилеј Интернационална ликовна колонија „Дебрца“

Post Views: 239 Водена со ентузијазмот и повеќе деценоската посветеност на основачот, ликовниот уметник и педагог, Ѓорѓи Целески, Интернационална ликовна колонија „Дебрца“, најстара во земјата и со најбогат фонд ликовни дела, стигна до својот голем јубилеј – 40 години постоење и успешна дејност.Годинешното издание, започнува во сабота, на 28-ми јуни, а свеченото отворање е закажано за 20:00 часот, во Галеријата на Колонијата, во селото Белчишта, седиштето на Општина Дебрца.Годинава, организаторот, Здружението „Ликовна колонија – Дебрца”, како што приличи за една...

Продолжи со читање

Пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште „Гоце Толески“

Post Views: 346 Со пригодна свеченост што се одржа вчеравечер беше пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште на булевар „Туристичка“, во станбениот комплекс на влезот во Охрид.Игралиштето кое е реконструирано со поддршка на општествено одговорната компанија „Моцарт“  ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески.Пред присутните гости на настанот, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.-Навистина ми претставува посебно задоволство и чест да бидам дел од овој пригоден настан за свечено пуштање во употреба на уште...

Продолжи со читање

На 1. јули стапува на сила забраната за извршување градежни работи во централното градско подрачје

Post Views: 157 Од први јули (вторник) стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје. Забраната се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, на просторот над булевар „Туристичка“  во длабочина од 50 метри, туристичките локалитети од каналот Студенчишта до „Свети Наум“.Забраната ќе биде на сила до 31 август.

Продолжи со читање

Вечерва на сцената на „Долни Сарај“ детскиот фестивал „Поточиња“

Post Views: 211 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ денес со почеток во 19:30 часот, на сцената „Долни Сарај“ ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Ораханизаторите велат дека најмладите ги очекува вистинска музичка бајка, радост, музика и детска енергија на сцената.–Ве покануваме сите – мали и големи – да уживаме заедно во песна, игра и насмевки под отворено небо!, порачуваат организаторите.

Продолжи со читање