Автор: инфодеск
Post Views: 33 Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС98 ќе се продава за 79,5, а ЕУРОДИЗЕЛ за 80 денари за литар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 78,5 денари. Малопродажната...
Минималната плата ќе се зголеми во првиот квартал од 2023
Post Views: 41 Премиерот Димитар Ковачевски најави зголемување на минималната плата во првиот квартал од идната година. Ковачевски рече дека согласно методологијата што беше направена на самиот почеток на мандатот на Владата, зголемувањето ќе биде во првиот квартал од идната година.Имаме елемент на зголемување на продуктивноста на трудот и сметам дека економијата може соодветно да одговори на ова зголемување на минималната плата – истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали домашната економија во сегашните услови може да издржи нов „минималец“ од 20.000...
Бектеши : Замрзнатите маржи остануваат до април
Post Views: 39 Мерката за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи која истекува на крајот на месецов ќе биде продолжена до крајот на април идната година, до кога е прогласена и енергетската криза, најави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција.Министерот додаде дека ако е потребно, ќе бидат преземени и други мерки во насока на намалување на цените на продуктите, иако, како што кажа, цените особено на основните прехранбени производи веќе се стабилизираат, а некои синџири маркети веќе и самите почнале да ги замрзнуваат цените на...
Санкциониран возач со 4,07 промили алкохол
Post Views: 37 Денеска (26.12.2022) во 13:34 часот полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга при сообраќајна контрола на патничко моторно возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки во Струга го санкционираа возачот К.Б.По извршеното алкотестирање кај лицето биле измерени 4.07 промили на алкохол. Лицето е исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесен соодветен поднесок – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Хотелите на Охридското крајбрежје нецелосно исполнети за Дочек на Нова година
Post Views: 35 Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера за Новогодишните празници ќе бидат исполнети 60 до 70 отсто, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески. За разлика од хотелите, помалите сместувачки капацитети, станови и апартмани се целосно исполнети за Нова година.Според него, дел од хотелите на охридското крајбрежје, односно околу 30 проценти се затворени, а очекува бројката да се зголеми по Нова година. За дочекот на Новата година и годинава најголем број од гостите се од соседните држави, Бугарија, Србија,...
Македонска литературна вечер во Москва
Post Views: 35 Руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина продолжува со активностите поврзани со реализација на проектот „Читај ја Македонија!“.Според Панкина, крајот на годината е добро време за сумирање на резултатите од изминатата година и споделување планови за наредната.2022-та година во таа смисла беше многу успешна. Во организациjа на невладината организациjа Македонски културен центар основана во Москва пред 12 години беа одржани низа активности со цел поширока промоција на македонските културни вредности: тркалезни маси, изложби на...
УЈП вработува 100 службеници
Post Views: 62 Управата за јавни приходи (УЈП) објави оглас за вработување на 100 службеници.Се бара даночен советник за правни и нормативни работи, Оддел за правни и нормативни работи, Сектор за правни работи, Директорат за поддршка на активностите на УЈП, Генерална дирекција, самостоен референт/книговодител, Одделение за сметководство и плаќања, Сектор за финансиски прашања, Генерална дирекција, двајца извршители, самостоен референт/контер билансист…Повеќе информации за огласот на следниот линкИзвор/Емагазин
Хрватската куна од Нова година се заменува со евро
Post Views: 74 Хрватската куна, откако повеќе од 28 години се користи како службени пари, на Нова година ќе биде заменета со евро. Повеќе од 500 милиони парчиња книжни пари и околу 5.200 тони монети ќе бидат испратени на уништување.Куните како хартиени и метални пари и липите како монети во апоени помали од една куна беа воведени во Хрватска на 30 мај 1994 година. Кога ќе се воведе еврото, ќе има иста количина на пари во оптек како кога беше во оптек куната.На пример, бројот од банкноти од 100 куни ќе го замени пропорционалниот број банкноти од 10 и 20 евра. Хартиените...







