Автор: инфодеск
Post Views: 43 Педесет и шест годишен маж со иницијали Љ.А. од селото Флорино е приведен од страна на полицијата.Тој околу 12:30 часот во близина на место викано „Голема нива“, помеѓу Форино и Чајле, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот 32-годишен син и се обидел и да го удри со возило во кое претходно двајцата се превезувале – информираат од МВР.По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Запалени два контејнери на ул. Ристо Крле во Струга
Post Views: 40 Непознати сторители запалиле 2 контејнери за отпад во град Струга, причинувајќи голема материјална штета, известуваат од ЈП Комунално.Благодарение на брзата реакција на струшките пожарникари, пожарот не се прошири на околните згради и возилата во околината. Уништените контејнери ќе се заменат со нови – велат од ЈП Комунално.Градот Струга апелира до граѓаните да ја почитуваат урбаната опрема поставена на јавни места и да не палат контејнери за отпад, за да се овозможи ефикасно собирање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиенa.
Денеска е католички Божик, Раѓањето Христово
Post Views: 130 Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.Божик денеска го слават и Вселенската патријаршија и православните цркви во Грција, Бугарија, Романија, Украина и Грузија, кои го прифатија грегоријанскиот календар.Преостанатиот православен свет, кој се води според јулијанскиот календар, меѓу кои и Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Српската православна црква, Московската и Ерусалимската патријаршија, како и дел...
Општина Охрид денес го честита Велигден
Post Views: 42 Католичките верници ширум светот денеска го слават католичкиот Божиќ.Службите во Општина Охрид утрово, во име на градоначалникот Кирил Пецаков, на католичките верници им го честитаа Божиќ со празнична честитка на која пишува „Happy Easter“ или Среќен Велигден.Сепак текстот на честитката која ја упатува градоначалникот се однесува на празникот Божиќ, кој денеска го слават католичките верници, протестантите и дел од православните христијани кои се водат по Грегоријанскиот календар.„Нека овие празнични мигови донесат светлина и радост во...
Безброј насмевки, забава и дружење на завршниот настан од Волшебна елка
Post Views: 37 Волшебна елка, волшебни лампиони, волшебна забава, волшебно дружење и волшебни насмевки на лицата од дечињата и сето тоа како препознатлив знак на завршниот настан од хуманитарната акција ВОЛШЕБНА ЕЛКА, кој денес се одржа во комплексот на KAM Village.Благодарение на голем број хумани наши сограѓани, институции, здруженија, поединци, кои се вклучија во оваа хуманитарна акција, преку 70 дечиња кои живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца, денес се израдуваа на подароците и исполнување на новогодишните желби.Волшебството на овој настан го...
Денеска се асфалтираа улици во Пештани
Post Views: 42 Активности за асфалтирање денеска се одвиваа во Пештани. Асфалтираната површина изнесува околу 550 м2, односно 150 метри должина и 3,5 метри ширина.По завршувањето на активностите за асфалтирање, во Пештани ќе продолжиме со партерно уредување на помала споредна улица. Финансиските средства издвоени за асфалтирањето изнесуваат околу 700 000 денари, а се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.За наредната година предвидено е во Пештани да се асфалтираат уште неколку улици.
ВМРО ДПМНЕ : СДСМ го прикрива криминалот наместо да се огради од Јованоска
Post Views: 36 СДСМ се труди да ја сокрие вистината за неплаќањето на ДДВ од страна на претходната директорка на ЈП ,,Билјанини извори”, Гордана Јованоска, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид на изнесеното во дописот до медиумите на ОО на СДСМ Охрид.СДСМ Охрид : Во време на ДПМНЕ СРЦ Билјанини извори беше 6 месеци без струја поради неплатени долгови„Согласно вештачење од судски вештак констатирано е зголемување на ДДВ за 18 милиони денари поради неплаќање. Сето тоа е направено и покрај сите средства од дополнителните приходи со започнување на наплата во...
Одбележан патрониот празник на ОЕМУЦ
Post Views: 39 Синоќа во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше одбележан патрониот празник на Центарот и 56 години од неговото постоење.На свеченоста свое обраќање имаше директорот на ОЕМУЦ, Сашо Недески.Динамичен е воспитно образовниот процес кој треба да е во чекор со времето, континуирано да се модернизира и ги прати современите текови на науката и техниката. Секојдневната соработка со компаниите, поддршката од МОН преку стипендирање на учениците во стручното образование и обезбедувањето на пријатни и модерни услови за работа во училиштето, придонесе кон...







