Автор: инфодеск
Post Views: 48 По кратко боледување, почина големиот хрватски музичар Масимо Савиќ во 61-та година од животот. Тажната вест ја потврди и Aquarius Records, како и неговото семејство.По кратка, но херојска борба не напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, засекогаш ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ани и Мирна”, гласеше објавата до јавноста на неговата сопруга и ќерка.Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а завршил гимназија во...
Пецаков во посета на ОСУ „Св. Климент Охридски“
Post Views: 30 Градоначалникот Кирил Пецаков вчера направи увид на новите инвестициски активности во ОСУ „Свети Климент Охридски“ кои се финансирани од буџетот на Општина Охрид. Се изведуваат градежни зафати за реконструкција на училишните тоалети, а се работи и на адаптација на неколку простории во поткровниот дел на објектот, кои ќе бидат наменети за кабинетска настава. Во текот на 2022 година за градежно-реконструктивните зафати во објектот на гимназијата се вложени 2,5 милиони денари.Исто така, набавен е училишен инвентар по сите најсовремени стандарди. Се работи...
СДСМ Охрид : Во време на ДПМНЕ СРЦ Билјанини извори беше 6 месеци без струја поради неплатени долгови
Post Views: 29 „Се обраќаме до целата јавност и до медиумите во врска со искажаните невистини вчера на седницата на Советот на општина Охрид, а во врска со работењето на ЈП „Билјанини Извори“ и наводното неплаќање на ДДВ од страна на претходната директорка Гордана Јованоска, реагираат преку соопштение од СДСМ Охрид.Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:„Претседателот на Советот, Сашо Донев, вчера од говорницата кажа дека во период од четири години поточно во периодот 2017 – 2021 година кога на раководна позиција на Јавното претпријатие беше...
Расчистена дивата депонија во Даљан
Post Views: 38 Расчистена дивата депонија во населба Даљан за која пред три дена реагираа граѓани и екологисти.Повторно нашите екипи расчистуваа дива депонија од градежен шут создадена од несовесни граѓани во населба Даљан, во близина на крајбрежниот појас. Во повеќе наврати е интервенирано на истата локација, но грдите слики се повторно дел од нашето секојдневие – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.Оттаму посочуваат дека интервенирано е по реакција на невладина организација со која претпријатието има потпишано меморандум за соработка во полето на заштита на...
Градоначалникот Пецаков на средба со Лео Нелоски
Post Views: 42 Денеска во својот кабинет градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со охриѓанецот Лео Нелоски, ученик во деветто одделение во ОУ „Григор Прличев“.Младиот Лео е прогласен за Државен првак по математика за 2022 година, додека, на Јуниорската Математичка Македонска Олимпијада која се одржа во Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде учествуваа математички најталентираните деца во Македонија, го освои сребрениот медал.Соговорниците разговараа за успесите кои ги постигнува и тоа не само по математика, туку и во другите области каде на...
Приведен жител на Горно Лакочереј
Post Views: 31 На 22.12.2022 година во СВР Охрид лишен од слобода е А.И.(25) од охридското село Горно Лакочереј.При контрола на возило „Опел”, со кое тој се превезувал, извршена на локален пат во селото, полициските службеници пронашле и одзеле ловечка пушка, која ја поседувал без соодветна дозвола. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Тепачка во казино на ул. Партизанска во Охрид
Post Views: 38 На 22.12.2022 година во 22:05 часот во СВР Охрид пријавено е дека во казино лоцирано на улицата „Партизанска” во Охрид, А.Ф. физички го нападнал Б.З.(42), двајцата од Охрид.По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Во вторник започнува исплатата на декемвриските пензии
Post Views: 30 На вчерашната седница, Владата усвои информација за исплата на пензиите за месец декември 2022 година и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.12.2022 година.Се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.12.2022 година.Деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за...







