Skip to main content

Автор: инфодеск

Света Ана

Денес се слави зачнувањето на Света Ана

Post Views: 51 Според православниот календар на 22 декември Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог.Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци.Денешниот ден е празник на чуда за сите жени, особено за оние кои имаат мали деца или сакаат да добијат. Денес, според обичаите, жените не треба да работат ништо, а пак женитек ои имаат проблем...

Продолжи со читање

Булевар Македонски Просветители

Столбови за ограничување на бул. Македонски Просветители

Post Views: 65 Во рамки на активностите за реконструкција на бул. „Македонски Просветители“ утрово екипи на Охридските јавни претпријатија поставуваат столбови за ограничување и друга урбана опрема по должината на улицата со цел побезбедно сообраќање и движење на пешаците.Активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот на улицата има комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас.

Продолжи со читање

Денови на кариера

Започнаа Денови на кариера во Касарна Хаб

Post Views: 37 Започнаа Денови на кариера во просториите на Касарна ХАБ Охрид. Најголемите и најуспешни ИТ компании од Македонија на свои штандови денеска и утре во Касарна ХАБ ги презентираат моделите на работа, споделувајќи дел од своите искуства, ќе понудат работни позиции за младите од југозападниот регион.Заинтересираните млади лица на настанот имаат можност за остварување директни интервјуа за вработување во ИТ секторот. Владимир Дукоски, дипломец на Факултетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид детално се запознал со условите кои ги нудат овие компании, вели дека му се...

Продолжи со читање

Зима снег

Денеска почнува зимата

Post Views: 38 На денот на почетокот на зимата (денеска), денот е најкраток, а ноќта најдолга. Вечерва во 22 часот и 48 минути календарски почнува зимата во земјава и земјите од северната хемисфера на Земјината полутопка. Паралелно на јужната хемисфера стартува летото.На првиот зимски ден, според најавите, не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.Зимата ќе трае 88 дена, односно до 20 март 2023 година.

Продолжи со читање

Дневен центар Струга

Нов Дневен центар за деца со посебни потреби во Струга

Post Views: 139 Струга доби нов Дневен центар за децата со посебни потреби. Овие лица, конечно добија пристојно катче за згрижување, едукација и нега. Во објектот ќе бидат сместени 20-тина деца, за кои ќе се грижат три воспитувачки и психолог.Иницијативата е на стружанецот Ергин Борово, кој живее во Холандија, а пред две години го преплива Охридското езеро за оваа благородна мисија. Проектот се реализира со меѓународни донации, поддршка од општината и волонтери.Имаме спонзори од дијаспора, од Холандија и се трудиме сега да имаме што повеќе финансиски средства за да...

Продолжи со читање

Градоначалникот Ногачески апелира до граѓаните да се воздржат од загадување на природната и животната средина.

Исчистена дивата депонија во Лешани

Post Views: 40 Исчистена дивата депонија во село Лешани, на патот за Српница.Уште еднаш апел до граѓаните да се воздржат од загадување на природната и животната средина – напиша градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Преку програмата за јавни работи продолжува средувањето на крајпатната вегетација на општинските патишта.ЈПКД Дебрца покрај низата активности изврши и чистење на реката Гумнелица во Велмеј во централното подрачје.

Продолжи со читање

Ренџери

Одржан состанок за формирање на ренџерска асоцијација

Post Views: 45 Во просториите на Инфо центарот во Стење, вчера се одржа уште еден состанок за формирање на ренџерска асоцијација.На состанокот присуствуваа ренџери и чувари од НП „Галичица“, НП „Шар Планина“, НП „Пелистер“ и Парк на природата „Езерани“.

Продолжи со читање

Ден на наставата на турски јазик

Честитка за Денот на наставата на турски јазик упати и градоначалникот Пецаков

Post Views: 29 Честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Македонија, по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември упати градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.Еден од основните предуслови за зачувување и негување на својата традиција е можноста за учење и творење на мајчин јазик, а ние сме тие кои мора да ги цениме и вреднуваме јазичните и културни одбележја на различните народи со кои живееме во нашата заедничка татковина, Македонија. Одбележувањето на овој празник е симбол на почитта на Македонија кон...

Продолжи со читање