Автор: инфодеск
Post Views: 30 ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на турската заедница во Охрид и Република Македонија им го честита 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.Мајчиниот јазик и националната мисла се најважни обележја и нераскинливи делови од идентитетот на секој народ. ВМРО-ДПМНЕ Охрид како носители на Локалната власт во градот преку почит и вреднување на разликите даваме значаен придонес за турската заедница како нераскинлив дел од Охрид. Нека Ви е честит 21 декември – Денот на наставата на турски јазик – се вели во честитката на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Маж од Шпанија фалсификувал пресметки за плата во фирма во Охрид
Post Views: 41 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Г.Р.(43) од Шпанија, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги”.Тој, од еден правен субјект во Охрид одзел деловна книга за евиденција, ја пополнил со лажни податоци како да бил вработен во друг правен субјект во периодот од 26.02.2021 до 21.07.2021, ги фалсификувал пресметките за плата во износ од 799.452 денари и истите ги заверил со сопствен потпис – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Синоќа започна неделата на шпански филмови
Post Views: 34 Вчеравечер во НУ Центар за култура “Григор Прличев“, започна циклусот „Недела на шпански филмови 2022“, во организација на Шпанската амбасада и Општина Охрид.Манифестацијата е резултат на културната соработка помеѓу амбасадата и локалната самоуправа. Претходно беше отворена изложбата „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски, посветена на 140 годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо. Пред присутните се обрати амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Хосе Луиз Лосано Гарсија.Најпрво би сакал да му се заблагодарам на тимот на...
Фестивал на локални производи утре во Охрид
Post Views: 31 Утре на 22-ри декември (четврток) со почеток од 12:00 часот во холот на Факултетот за Туризам и Угостителство Охрид ќе се одржи Фестивал на локални производи „Купувај Локално“.Фестивалот има за цел да ги презентира локалните производители на храна, рачни ракотворби и други уникатни производи кои се автентични за ова поднебје.Настанот е отворен и слободен за сите граѓани и гости кои сакаат да ја вкусат локалната храна и да уживаат во мирисот на греаното вино, заедно со луѓето чии изработки ја негуваат традицијата и чувството за постоење.Организатори на...
Охриѓанецот Александар Петрески со Новогодишна песна за најмладите
Post Views: 51 Охриѓанецот Александар Петрески ја претстави неговата најнова новогодишна детска песна со наслов „Снегулка“, која е во соработка со девојката со ангелски глас, Марија Цветановска.Кога бев дете, имав преголема желба за снег во зима. Посебно пред Нова Година. Се молев секогаш кога врнеше снегот да се задржи. Во моето рано детство тоа беше почеста појава. Никогаш нема да ги заборавам оние моменти, кога со другарите од училиште си одевме дома низ охридското кале. Посебно мила ми беше рутата низ чаршија навечер! Неколкуте тезги со новогодишни украси, отсликуваа...
Младите очекуваат позитивни промени
Post Views: 29 Неформално образование и создавање услови и поддршка за мали бизниси, простор каде што можат да се организираат културни настани, екологија и спорт. Ова се дел од приоритетите на дел младите коишто ги навеле на Анкетата на ТВМ во рамки на проeктот Media for all.67,7 проценти од анкетираните веруваат дека отворањето на првиот младински центар во Охрид ќе донесе позитивни промени за подобрување на нивната положба во општината. 30,7 проценти од анкетираните сакаат во младинскиот центар да се оранизираат едукативни настани, 27,3 културни настани и околу 20...
Охриѓанец фатен со марихуана
Post Views: 29 На 19.12.2022 во Охрид во СВР Охрид, лишија од слобода е Ј.Д.(28) од Охрид.При претрес во неговото патничко возило „фолксваген голф”, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Кривична за охриѓанец поради узурпација на недвижности
Post Views: 47 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро, зазел површина од околу 70 метри квадратни, што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил 26 лежалки и 15 чадори за сонце – информира Стефан...







