Skip to main content

Автор: инфодеск

Недела на шпански филм во Охрид

Вечерва започнува изложбата Пикасо можеби јас

Post Views: 34 Вечерва со почеток во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ започнува изложбата „Пикасо можеби јас” од македонскиот уметник Филип Фидановски и „Недела на шпански филм”.Во рамки на „Неделата на шпански филм“ ќе бидат прикажани филмовите „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер, „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела и „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба.Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

Продолжи со читање

Вежби петарди

Показни вежби за последици од користење на петарди

Post Views: 58 Во пресрет на новогодишните празници, волонтерите од Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид спроведува акции за зголемување на свесноста кај населението за последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства.Новообучените волонтери од тимот за прва помош и тимот на шминкери за реално прикажување на повреди имаат можност да ги покажат своите знаења преку изведување на симулација на ампутирани прсти и изгореници како резултат од користењето на петарди заедно со волонтерите од Клубот на млади – велат од Црвен крст Охрид....

Продолжи со читање

Јавен превоз

Кривична за охриѓанец кој вршел јавен превоз без лиценца

Post Views: 36 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В.(41) од Охрид како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.При контрола извршена на 02.11.2022 година на улицата „15 корпус” во Охрид, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Пежо” со охридски регистарски ознаки, управуван Г.В., а сопственост на правниот субјект. Притоа, утврдиле дека тој врши превоз на патници без да поседува соодветна дозвола-лиценца за вршење на јавен...

Продолжи со читање

Полициски службеници

Казнети возачи кои управувале возило под дејство на алкохол

Post Views: 42 На 17.12.2022 година од 19 до 24 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале 4-ца возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, СВР Охрид ќе ги засили контролите во патниот сообраќај со цел, подигнување на сообраќајната безбедност – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Јане Сандански

Се уредува детското игралиште на ул. Јане Сандански

Post Views: 43 Активностите за уредување на детските игралишта на територија на Општина Охрид продолжуваат.Деновиве се изведуваа градежни активности за уредување на детското игралиште на улицата „Јане Сандански“.Детското игралиште веќе е оградено и се постави бетонска подлога, врз која ќе биде поставена мека подлога. После тоа следува поставување на детските реквизити – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Луфтханза

Луфтханза ќе лета од Франкфурт до Скопје

Post Views: 47 Германскиот авиопревозник Луфтханза, влегува на македонскиот авијациски пазар со отпочнување летови на линијата Франкфурт – Скопје, од 23-ти април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града.Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе лета по два лета неделно, со авиони од видот : Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот...

Продолжи со читање

Пожарна Струга

ТППЕ Струга воспостави сензорен систем за детектирање пожари

Post Views: 53 Противпожарната единица во Струга воспостави сензорен систем за детекрирање на пожари.Базата е со седиштето во Струга, а антени со камери се поставени на повеќе локации во градот и струшките села. Целта е 24 часовен мониторинг, брзо откривање и следење на пожарите во непристапни терени, во шумски појаси, во селата и во градот.На две места имаме по пет камери со сензори и покриен е цел терен. Го фаќаат секое село. Овој проект овие камери покажуваат секаде каде што има чад даваат сигнал веднаш каде гори – вели  Фети Мазари, командир на ТППЕ...

Продолжи со читање

Депонија Лабуништа

Исчистена и затворена за отпад дивата депонија во Лабуништа

Post Views: 41 По децениско спалување и загадување на животната средина, конечно решен проблемот со дивата депонија во струшко Лабуништа. Локацијата е комплетно исчистена, поставени се еко табли за забрането одлагање отпад, но и камери за надзор. Акцијата за расчистување на децениската дива депонија во Лабуништа ја поддржаа еколошките друштва, жителите и бизнис заедницата.Отпадот од најголемото село во земјава, кое брои 9000 жители ќе се транспортира на струшката депонија.Сметаме дека со ова се решава голем долгогодишен проблем од еколошки апсект и за сегашните и за...

Продолжи со читање