Автор: инфодеск
Post Views: 259 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од Законот за шумите, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 1 јули до 31 август.Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со...
Од 1 јули до 31 август забрана за сообраќај на тешки товарни возила на државните патишта
Post Views: 426 Од АМСМ информираат дека се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, во периодот од 1 јули до 31 август.Термините се следни:петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот инедела од 09:00 до 22:00 часот.На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за...
Светиот пророк Елисеј
Post Views: 176 Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш го остави својот дом и тргна по Илија. А кога Господ го зеде Илија на огнени кочии, Елисеј остана и ја продолжи пророчката служба со поголема сила и од онаа на Илија. Според чистотата и ревноста им беше рамен на...
Сончево и многу топло, попладне можна нестабилност со пороен дожд и грмежи
Post Views: 198 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со вчерашните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст, велат од УХМР.Минималните температури во Охрид од 17, а максималните до 32 степени Целзиусови. УВ...
Местата каде децата треба да се смеат и играат стануваат извор на опасност
Post Views: 317 Детските игралишта во Охрид во очајна состојба: стари, дотраени, искршени и небезбедни. Овој пат со реакција до нашата рубрика Ти Си Твојот Град се обрати наша сограѓанка која реагира за дотраеноста на реквизитите на игралиштето кај ОУ „Григор Прличев“.-Имате супер рубрика за пријавување недостатоци во градот. Детските игралишта се во очајна состојба. Барем неој надлежен да ги раскренит овие опасни остатоци од игралиштето. Очај., вели нашата сограѓанка во нејзината порака.
Во Охрид ќе се одржи 7. Балканска олимпијада по физика
Post Views: 159 Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), од 26 до 30 јуни во Охрид, ја организира 7. Балканска олимпијада по физика – БПО7, натпревар наменет за ученици од првите две години од средните училишта од балканските земји. Натпреварот ќе се одржи под покровителство на Балканската унија на физичари (BPU) и со финансиска поддршка од Европското друштво на физичари (EPS), Природно-математичкиот факултет – Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за образование и наука на Македонија.На БПО7 ќе учествуваат ученици од 10...
АХВ со препораки за заштита на храната и животните од високите температури
Post Views: 206 Порастот на температурите, кој неделава според најавите на синоптичарите во одредени региони ќе го надмине четириесеттиот степен ги зголемува и потенцијалните ризици од појава на труење со храна и претставува потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се обезбедат доволни количини храна и вода за пиење.-Неопходно е да се направи правилен избор на храна и нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната, да се купува храна...
Изгор цени на овошјето и зеленчукот во Охрид, пазарите празни
Post Views: 288 Цените на охридскиот пазар оваа сезона уриваат рекорди. Охридската цреша се продава од 250 до 300 ден за кг. Цените годинава се повисоки поради мразот и градот, кој пролетва ги уништи овошките и значително го намали родот. Земјоделците велат тешка е работата, а мала е заработувачката.Анкета продавачи:-Патлиџанот е 70,краставицата 30, пиперката 70. Кајсијата е поскапа 150 ден. Измрзнаа. Дињата е 80, бостанот 40. Скапо е нека излезат на 40 степени, јас произведувам компир нека излезат да работат на 40 степени нека видат како е.-Мразот фати на...
Во сообраќајка на „Абас Емин“ повредена 65 годишна жена од Австралија
Post Views: 197 На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 49 годишно лице од селото Долно Лакочереј, охридско, удрило во 65 годишна жена од Австралија, со престој во Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Продолжува истражувањето на идентитетите и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија
Post Views: 160 Националниот археолошки музеј и Карловиот Универзитет од Прага, Р .Чешка осма сезона по ред продолжуваат да го реализираат меѓународниот проект „Погранични студии“ – Истражувања на идентитетите и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија (Frontier Studies. Investigation into Identity and Cultural Contacts in the Border Area of Ancient Macedonia).–Проектот претставува комплексно научно истражување кое користи ралични пристапи и истражувачки методи, со цел преку ваквиот мултидисциплинарен пристап да го реконструира...
Центарот „Мали стапала“ од Охрид слави една година – Мали Стапала, Големи Чекори
Post Views: 366 На 24 јуни, Центарот за стимулација на раст и развој, едукација и советување Мали Стапала од Охрид одбележa една година од своето постоење. Во текот на изминатата година, во „Мали стапала“ заедно со децата и нивните семејства се чекореше со голема љубов и посветеност.Во оваа прва година, „Мали стапала“ го прошири своето семејство и во Скопје, каде што отвори уште еден центар и продолжи со посветена работа во поддршката на децата и нивниот развој.Покрај секојдневната стручна работа, „Мали стапала“ организираше и инклузивна предновогодишна...
Ќе се реконструира отвореното спортско игралиште во Мешеишта
Post Views: 203 Општина Дебрца информира дека согласно годишната програма за развој на спортот, општината нарача изработка на техничка документација, основен проект за реконструкција на отвореното спортско игралиште за мали спортови во селото Мешеишта.-Со проектот е планирано поставување на нов асфалтен слој и слој од тартан со д=1,3 см,демонтажа на постојната и изградба на нова ограда околу полигонот, нови стативи, нови табли и обрачи за кошовите, санација на надворешните санитарии, репарација на постојната трибина и фарбање на столчињата, а во северниот дел плато за фитнес...