Skip to main content

Автор: инфодеск

Дина Јашари на 5 август ќе настапи во Струга на фестивалот „Дрим Шорт“

Views: 259 Македонската музичарка Дина Јашари на 5 август ќе одржи концерт во Струга, во рамки на програмата на фестивалот „Дрим Шорт“. Настапот ќе се одржи во Паркот на поезијата и е дел од нејзината прва поголема турнеја низ Македонија.По четири години активни настапи, регионални гостувања и континуирано градење на својот авторски израз, Јашари ова лето и есен реализира турнеја низ седум македонски градови.Турнејата започна на 2 јули во Скопје, каде што Дина Јашари настапи како предгрупа на легендарниот британски состав Duran Duran во арената „Борис Трајковски“, а продолжува со...

Продолжи со читање

забрането паркирање

Поради градежни работи кај ООУ „Христо Узунов“ да се отстранат возилата од паркингот

Views: 202 Општина Охрид ги известува граѓаните дека денес започнуваат градежни работи за уредување на потпорните ѕидови во кругот на ООУ „Христо Узунов“, поради што паркингот во кругот на училиштето треба да биде целосно ослободен од возила.Од Општината апелираат до сопствениците кои сè уште имаат паркирани возила на оваа локација, во најкус можен рок да ги дислоцираат, со цел да се овозможи непречено и безбедно одвивање на градежните активности.Надлежните упатуваат благодарност до граѓаните за разбирањето и соработката.

Продолжи со читање

ТАМАРО продолжува да расте, новиот 16-ти маркет ги отвори вратите за потрошувачите

Views: 393 Со јасна стратегија за постепен, одржлив раст и континуирано приближување до своите потрошувачи, ТАМАРО продолжува да ја проширува својата малопродажна мрежа. Викендов свечено беше отворен новиот, шеснаесетти по ред, „Тамаро“ маркет во Охрид.Новиот продажен објект се наоѓа на улицата „Никола Карев“, во рамките на ТЦ „Трудбеник“ и е уреден според современи стандарди, нудејќи пријатно и практично искуство за секој купувач.ТАМАРО не е само место за секојдневно пазарување, туку бренд кој со години гради доверба преку квалитетна услуга, свежи производи и богат...

Продолжи со читање

Денеска се слави Светата маченичка Агрипина

Views: 184 Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоухание на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, дури не и ги скрушија коските. И се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника и ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света...

Продолжи со читање

Сончево време со умерена облачност

Views: 194 Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28 степени.Утре и во среда, времето претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Продолжи со читање

Свр охрид

Почина охриѓанец откако се здобил со тешки повреди при пад од кров

Views: 225 Охриѓанец на 49-годишна возраст починал во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, откако претходно бил примен со тешки телесни повреди здобиени при пад од кров на куќа во изградба.Според информациите од СВР Охрид, случајот бил пријавен на 4 јули 2026 година во 22:45 часот. Несреќата се случила додека мажот изведувал градежни работи на куќа што ја градел на сопствена парцела, лоцирана во близина на стариот пат Охрид–Струга.Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а истрагата треба да ги расветли околностите под кои се случила несреќата.

Продолжи со читање

Delicious chia pudding parfaits topped with vibrant, fresh fruits and yogurt.

Чиа или ленено семе?

Views: 230 Чиа и лененото семе се меѓу најдобрите природни извори на растителни влакна, но секое има свои предности. Додека чиа семето содржи повеќе вкупни влакна, лененото семе е побогато со растворливи влакна, кои можат да помогнат во намалување на холестеролот и подобрување на здравјето на срцето.Само две лажици чиа семе обезбедуваат околу 10 грама влакна, што е речиси една третина од дневните потреби на возрасен човек. Освен тоа, содржи растителни протеини, калциум, магнезиум и омега-3 масни киселини. Поголемиот дел од влакната се нерастворливи, што придонесува за подобро варење,...

Продолжи со читање

Денеска е Св. свештеномаченик Евсевиј Самосатски

Views: 256 Свети Евсевиј живееше во четвртиот век, време кога црквата е присилена да се бори со неколкуте тринитарни ереси.Свети Евсевиј во тоа време беше епископ во градот Самосат, во Антиохиската област.Во текот на долги години додека на царскиот престол се менуваа цареви аријанци, Евсевиј истрајуваше во правото исповедање на верата. Од таа причина беше испратен и во прогонство.По враќањето од прогонство, за време на император Грацијан, беше ранет од една жена аријанка. Од оваа рана големиот Свет ревнител за Православието умре за да живее вечно во рајското блаженство....

Продолжи со читање