Skip to main content

Автор: инфодеск

Полиција

Охриѓанец преку фејсбук се заканувал на шумочувар

Post Views: 40 СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(38) од Охрид поради на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.Тој, на 07 и 10 декември 2022 година, на социјалната мрежа Фејсбук испратил пораки со заканувачка содржина кон шумочувар од Охрид, вработен во ЈП „Национални шуми-подружница Галичица” – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Социјална и здравствена заштита

Успешна реализација на програмата за социјална и здравствена заштита

Post Views: 42 На само неколку дена пред крајот на календарската 2022 година успешно е завршена реализацијата на годишната програма за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2022 година (Т1).Оваа програма, програмски е реализирана 100 %, а финансиски 96.14 %. Вкупно по разни основи преку оваа програма од буџетот на општина Охрид се трансферирани 5.527.456,00 денари.Преку реализацијата на оваа програма оваа година овозможивме: Реализација на проектот: Општинско корисна работа – ,,Од граѓаните за заедницата од заедницата за граѓаните”- Отворени можности...

Продолжи со читање

Семејно насилство

Физички ја нападнал својата мајка

Post Views: 35 На 16.12.2022 во 20:20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Канал Студенчишта

Охриѓанец пронајден мртов во каналот Студенчишта

Post Views: 62 Денеска (17.12.2022) во 07:38 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта” во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Правописна грешка

Ништо не им бега на охриѓани

Post Views: 62 Наш сограѓанин ни ја испрати фотографијата, со коментар :„Можеби се истите што ги пишувале учебниците“, алудирајќи на многуте грешки кои секојдевно се откриваат во новите учебници.Во новите учебници, кои учениците ги добиваат изминатов период, иако првото полугодие е при крај, има повеќе грешки, како на пример дека Македонија на исток се граничи со Албанија, а на запад и со Бугарија, како и дека врвот Монт Еверест е висок 29.305 метри, а не 8.849 метри.Повеќе на следниот линк

Продолжи со читање

Купувај локално

Презентација и дегустација на локална храна во ФТУ

Post Views: 34 Во четврток на 22-ри декември со почеток во 12 часот, Slow Food Ohrid во соработка со Факултетот за туризам од Охрид и на покана од Општина Охрид, организира презентација и дегустација на локална храна приготвена од членовите на здружението во холот на ФТУ.Настанот ќе го отвори градоначалникот Пецаков, а Слоу Фуд ќе има кратка презентација за значењето на локалната храна. Потоа во холот ќе бидат презентирани сите локални производители со готвење во живо пред присутните – информираат од Слоу Фуд.Оваа активност е дел од проектот „Купувај локално“ со...

Продолжи со читање

Ер Србија

Ер Србија од 5 јуни ќе лета за Охрид

Post Views: 37 Во текот на летната сезона во 2023 година, „Ер Србија“ ќе лета до Охрид и 22 нови дестинации до кои не леташе во летната сезона годинава, јави дописникот на МИА од Белград.Од 4 јуни следната година националната авиокомпанија ќе почне да лета за Краков, а само еден ден подоцна, на 5 јуни 2023 година, за Охрид и Варна. Авиобилетите за овие нови дестинации се веќе пуштени во продажба. Билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра. Ер Србија ќе лета четири пати неделно до новите дестинации во Полска, Бугарија и Северна Македонија – соопштија...

Продолжи со читање

Општина Дебрца

Донесен буџетот на Општина Дебрца за 2023

Post Views: 33 На денешната 15-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 7 (седум) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2023 година и Годишните развојни програми на општината за 2023 година.На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2023 година.Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2023 година е проектиран на износ од 113.000.000 денари.Основната цел на буџетот е да ги намали...

Продолжи со читање