Автор: инфодеск
Post Views: 49 Во текот на изминатиот викенд се одржа обука за основите на првата помош во Клубот на млади во Црвен крст Охрид.Истата ја одржа демонстраторот и тренер по прва помош Георги Ставрески, на која се обучија 30 млади, сега дел од тимот на прва помош на Црвен крст Охрид на активностите кои следат.Младите се обучија како да укажат основна прва помош и да препознаат за каква повреда се работи : СБО, крварење, изгореници и смрзнатини, скршеници, како и некои специфични повреди. Дополнително во склоп на обуката се одржаа и работилници за укажување прва...
Денес се слави Света великомаченичка Варвара
Post Views: 31 Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години му се посвети на Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Египетски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци.Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во висините, на Варвара ѝ се отвори умот со Божествената благодат, па Го...
Се асфалтира улицата Радојца Новичиќ
Post Views: 77 Започна асфалтирањето на улицата ,,Радојца Новичиќ”.На улицата беше поставена нова атмосферска канализација и се изврши спуштање под земја на каблите од електричните водови и операторите. Покрај тоа се уреди и речното корито на реката Сушица. Вредноста на проектот изнесува околу 6 800 000 денари – информираше градоначалникот Кирил Пецаков.
Утре потопло време и дожд, од недела заладување
Post Views: 41 Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.Во наредните денови следува период на стабилно и посвежо време. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.
Урбана уметност во Охрид
Post Views: 37 Со поддршка на Општина Охрид, а во организација на Младинскиот локален совет и Културолошката иницијатива „5 до 12“ се реализира проектот „Урбана уметност”. Во рамки на активностите изработен е мурал, на ѕидовите на спортската сала од ОСУ „Св. Климент Охридски“.Автори на муралот се професорите Жанета Стаиќ, Филип Гугоски и Михаил Јанески. Проектот „Урбана уметност“ е дел од Програмата за млади и невладини организации на Општина Охрид за 2022 година.
Инфлацијата го јаде оброкот при народните кујни
Post Views: 49 Инфлацијата го јаде оброкот што државата преку народните кујни го дава на ранливите категории граѓани. Зголемувањето на цените на прехрамбените производи годинава имаат големо влијание и претставуваат проблем во работата на Нардоната кујна во Охрид. Кујната работи во рамки на Студентскиот дом и приготвува околу 80 оброци на дневно ниво наменета за социјални случаи од Охрид. Жарко Куциноски, директорот на Студентскиот дом, вели дека треба да се преземат мерки со кои би се нивелирал соодносот на дотацијата која ја добиваат за порција со цената на потребните продукти...
Условна казна затвор за напаѓачот на екипата на ТВ 24
Post Views: 38 67-годишниот скопјанец Милчо Пенов е осуден на условна казна затвор за физичкиот напад на новинарска екипа на ТВ 24 што се случи кон средината на минатиот месец во населбата Пржино.Тој доби условна казна затвор со заштитен надзор доколку во наредните три години не направи ново кривично дело, односно осудениот Пенов ќе треба да оди една година на рехабилитација поради нарушено психичко здравје.Насилството за кое е осуден скопјанецот се случи на 14 ноември. Тој тогаш првин вербално, а потоа и физички, со тупаници го нападна снимателот на ТВ 24, Љубиша...
Од полноќ поскапува дизелот
Post Views: 35 Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата, додека цената на бензините како и на мазутот останува непроменета.Малопродажната цена на Еуродизелот се зголемува за 2,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 3 денари за литар.Максималните цени по кои ќе може во малопродажба да се продаваат горивата изнесуваат:Моторен бензин Еуросупер БС – 95 76,00 (денари/литар)Моторен бензин Еуросупер БС – 98 78,50...







