Автор: инфодеск
Post Views: 54 Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово, велат од ТАВ Македонија.„Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред.За детали во однос на летовите, ги упатуваме нашите патници...
Свикана дваесет и првата седница
Post Views: 36 Свикана дваесет и првата седница на Советот на Општина Охрид на ден 22.12.2022 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. ДНЕВЕН РЕДУсвојување на Записникот од 11-та седница, Записникот од 17-та седница и Записникот од 18-та седницаПредлог-програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година.Предлог-програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна...
Новогодишен концерт за паметење на Охридско лето со квартетот Диогенес
Post Views: 37 Настан за паметење проследен со бурни овации и ракоплескања од страна на публиката донесе синоќа новогодишниот концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ во организација на фестивалот „Охридско лето“.Со специјално одбрана програма на дела од Јозеф Хајдн, Ервин Шулхоф и Јоханес Брамс, младите виртуози од светот на класичната музика, Стефан Кирпал и Гундула Кирпал на виолина, Алба Гонзалес и Бецера на виола и Стивен Ристау на виолончело приредија несекојдневно воодушевување за љубителите на класичната музика во Националната опера и балет во Скопје....
Реконструкција на спортските игралишта во Охрид
Post Views: 33 Започнаа активности за реконструкција на спортските и повеќе наменските игралишта во градот.Посветено се грижиме за здрав и правилен развој на младите и децата. Деновиве се врши реконструкција на игралиштето во населбата Христо Узунов. Согласно проектот предвидено е да се постави нова подлога, нови огради и реквизити. После завршувањето со активностите тука, продолжуваме со реконструкција на игралиштата во населба Гоце Делчев, во Пештани, во ОУ “Св. Климент Охридски” и Даљан – информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Скопскиот аеродром утрово доби дојава за бомба
Post Views: 44 Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa.Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот. Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот...
Ремикс на Учи ме мајко карај ме испеана од Simos Dines
Post Views: 50 Во пресрет на највеселите, новогодишни празници, охридското Супер радио подготви ремикс на традиционалната „Учи ме мајко карај ме”, песна која неодамна стана повторно многу актуелна, откако на YouTube се појави верзија испеана од славејот од Лерин Simos Dines.Искористен е дел од снимката, која го освои интернет просторот по изведбата која плени со емоција и искреност.Едно поинакво гледање на антологиската „(Лилјана) Учи ме мајко карај ме” за највесела Нова година и празници. Уживајте во неповторливиот вокал и изведбата на Simos Dines,...
Зонски натпревари во одбојка
Post Views: 40 На зонските натпревари во одбојка учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ постигнаа одлични резултати.Машката екипа го освои второто место, а женската победи во финалето и се пласираше на регионалните натпревари. Им посакуваме успех во понатамошните предизвици – информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Во полн ек хуманитарната акција Волшебна елка
Post Views: 35 Во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат Црвен крст Охрид во соработка со KAM Village, а наменета е за помош на децата од социјално загрозените семејства.Волшебната елка накитена и поставена во комплексот KAM Village, покрај обичните, содржи и волшебни лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца во социјален ризик од Охрид и Дебрца.Благодарност до голем број наши сограѓани што од почетокот на акцијата на 10.12.2022 до денес учествуваат во оваа акција земајќи од волшебните лампиони, обезбедувајќи/набавувајќи ги...







