Автор: инфодеск
Post Views: 49 Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, СВР Охрид спроведува мерки против нелегалната трговија со пиротехнички средства, а одделението за превенција отпочна со едукативно – превентивни предавања и презентации за учениците во основните и средношколските центри.„Целта е укажување за сите штетни последици по човековото здравје од употребата на пиротехнички средства и запознавање со законските последици кои произлегуваат од неовластената употреба на пиротехниката. Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, пиротехнички производи се...
Тешко повреден пешак во Охрид
Post Views: 40 На 14.12.2022 околу 19:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосница на улиците „Никола Карев” и „АСНОМ” во Охрид, патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(71), удрило во пешакот Ж.Ѓ.(76), двајцата од Охрид.Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Електронска платформа за плаќање на фактури во ЈП Охридски Комуналец
Post Views: 94 Од денеска во функција електронската платформа за плаќање на фактурите за правни субјекти.Ги известуваме правните субјекти-корисници на нашите услуги, кои добиваат месечни фактури по услугата подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад, дека од денеска имаат можност за електронска наплата на фактурите преку онлајн плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија. Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечните фактури и брзо, лесно и сигурно можат истите да ги платат – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.Корисникот...
Народниот театар од Белград со претставата Жизел гостува во НОБ
Post Views: 45 Во рамките на неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Македонија – „Open Balkan Theatre/Театар Отворен Балкан“, кој е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции на 21 декември, со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и Балет, ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам.Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во...
ООУ Григор Прличев блеска во празничен сјај
Post Views: 43 Под мотото „Подари СРЕЌА, за среќна НОВА”, родителите во соработка со училиштето спроведоа заедничко декорирање и украсување на централниот објект и на подрачното училиште во Рача.Училиштето наликува на вистинска празнична бајка благодарение на иницијативата на Советот на родители и успешната соработка на Советот со раководството на училиштето и наставничкиот кадар и ангажираноста на родителите. И сето тоа како подарок за поубава и посреќна НОВА година на децата, на кои училиштето им е втор дом. Сакаме ваквиот наш ангажман да премине во...
Пронајдени куршуми во домот на охриѓанец
Post Views: 37 СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле 17 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Хуманитарна акција, топли оброци
Post Views: 43 Повеќе од 80 топли оброци ќе припремат учениците од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ наменети за социјално ранливи граѓани од Охрид. Иницијативата е на ученичката заедница од ова училиште а ќе се реализира како заедничка хуманитарна акција со волонтери од Црвениот Крст Охрид во рамки на месецот на дарување „ Радосен декември“. „Уште еднаш сакам да повторам што оваа акција е на иницијатива на учениците кои што преку ученичката заедница сакаа да им се помогне на овие ранливи категории. Оброците ќе содржат комплетен топол оброк со десерт ќе...
Двајца охриѓани нападнале полицајци
Post Views: 36 На 14.12.2022 во 15:35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Ќ.Ѓ.(69) и Ј.Ѓ.(37), двајцата од Охрид, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.Тие беа задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.







