Skip to main content

Автор: инфодеск

Канцеларија потрошувачи

Канцеларија за заштита на потрошувачите во Охрид

Post Views: 42 Денеска беа промовирани активностите на локалниот Совет за заштита на потрошувачи и Канцеларијата за заштита на потрошувачите во Општина Охрид. Канцеларијата ќе обезбедува помош, едукација и советување на граѓаните. Истата ќе дава и консултантска поддршка на Локалниот совет на потрошувачи и следење на состојбите на локалниот пазар од интерес на потрошувачите и информирање за истите, кажа денеска на прес конференција претседателот на Локалниот советот за заштита на потрошувачи, Вангел Спироски.Ги повикувам потрошувачите доколку имаат некој проблем,...

Продолжи со читање

Кардиологија

Ќе се реконструира центарот за кардиологија во Охрид

Post Views: 32 Реконструкција на центарот за кардиологија во Охрид е предвидено со проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – Фаза 2”.Договорот за финансирање на овој и уште 6 други проекти за развој на планските региони во Македонија го потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и швајцарската амбасадорка во земјава, Вероник Улман.Вкупната вредност на проектите за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој е 2.3 милиони швајцарски франци за седум плански региони. Министерството за локална самоуправа  обезбедува 54% од...

Продолжи со читање

Јован Стојаноски

Четири години од смртта на градоначалникот Јован Стојаноски

Post Views: 64 „Беше човек ЕДНАКОВ за сите. Слава ти градоначалник, Остави дела за паметење“, вака денес неговите сопартијци од СДСМ Охрид и пријателите се присетуваат на градоначалникот Јован Стојаноски, кој на 15 декември 2018 година ненадејно почина.Статус на социјалната мрежа објави и неговата сопруга, Надица Стојаноска.Четири години, а се уште се надевам дека ќе се вратиш од некое патување. Вечна слава и мирно небо – напиша Стојаноска на својот фејсбук профил.Стојаноски беше универзитетски професор, почитуван, амбициозен, успешен и угледен граѓанин на...

Продолжи со читање

Училиште Оровник

Заврши санацијата на влезниот дел од училиштето во Оровник

Post Views: 37 Завршена е санацијата и адаптацијата на влезниот дел од училишната зграда во село Оровник.Продолжуваме да вложуваме во образовната инфраструктура во општина Дебрца. Се изврши санација на влезните скалила од училиштето, заградување и застаклување на терасата, нова влезна врата, монтажа на настрешница, бетонирање на тротоар, обработка на ѕидовите во заградениот простор и друго – информира градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Вкупната вредност на работите изнесува 693.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.

Продолжи со читање

Во душата на немиот свет

Денес промоција на книгата Во душата на немиот свет

Post Views: 38 Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи промоција на романот за деца „Во душата на немиот свет“ од писателката и поетеса Даниела Илијоска.Книгата е во издание на Здружението за литература и други уметности „Креативна верига“, а финансирана од Министерството за култура. Водител на настанот е Јордан Коцевски, додека рецензент и промотор е Маја Мојсова. Воведен збор ќе има директорот на библиотеката, м-р Милчо Јованоски.Во рецензијата за книгата, меѓу другото, се вели: „Романот за деца „Во душата на немиот свет“ енергично пулсира,...

Продолжи со читање

Недела на шпански филм во Охрид

Изложба Пикасо можеби јас и Недела на шпански филм во Охрид

Post Views: 38 Како резултат на културната соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, во Охрид ќе се одржи изложба и проекција на циклус шпански филмови.Изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски ќе биде отворена на 20.12.2022 (вторник) со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата се организира по повод 140 годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо.Истата вечер со почеток во 19:00 часот во големата сала на центарот за култура...

Продолжи со читање

Клупа Горан Стефановски

Дел од Дебар Маало осветлен во чест на Горан Стефановски

Post Views: 42 Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски вчера беше осветлен и украсен делот околу неговиот споменик во Дебар Маало.Порака од неговиот последен есеј „Искрата што се измолкнува“, објавен во книгата „Идентитетот е приказна“, на македонски и во превод на сите јазици на Европската Унија е испишана на рачно изработените сувенири кои во празничниот период ќе го красат паркот во кој е спомен-обележјето „Клупата на Горан Стефановски“.Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“. За...

Продолжи со читање

Мауцкер

Активистите бараат стопирање на постапката за урбанизација на Мауцкер

Post Views: 34 Дваесеттина граѓански организации од земјава бараат да се стопира урбанизацијата и продажбата на Мауцкер. Според нив станува збор за вреден археолошки локалитет, каде се наоѓал античкиот град од римско време-познат како Хермелеја. Веднаш до него се наоѓа црквата „Св. Еразмо“ и уште постарата монументална базилика „Св. Еразмо“ која е една од најстарите цркви во Европа, датирана пред VI век.Во јавноста се погласни се реакциите дека земјиштето е од висока категорија и дека тоа веќе е заштитено со Закон за заштита на културното наследство. Активистите за заштита...

Продолжи со читање