Skip to main content

Автор: инфодеск

ОЕМУЦ Хуманитарна

Хумана акција на Младинската организација при ОЕМУЦ

Post Views: 35 Локалната младинска организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ уште еднаш ја покажа својата општествено-одговорна работа помагајќи онаму каде што е најпотребно. Хуманоста не се кажува, таа се докажува.Ученици членови на Локалната младинска организација од ноември, изработуваа накит и го продаваа по симболична цена за да се соберат средства за новогодишни пакетчиња наменети за дечињата со попреченост.„Убаво е чувството кога ќе помогнеме онаму каде што е најпотребно, онаму каде што ќе успееме да измамиме детска невина насмевка. Учениците беа на висина на...

Продолжи со читање

Инклузивна градинка радост

Инклузивна игротека Радост отворена во Охрид

Post Views: 142 ​Денес со работа започна игротека Радост, првата инклузивна игротека во Охрид. Во комплексот Касарна во оспособени простории за лица со попреченост, особено за деца со церебрална парализа, конечно се овозможува место за игра, терапија и социјализација. Под мотото „Сите деца се деца“ таму ќе се спроведуваат активности за дневно згрижување во текот на работната недела, ќе се организираат работилници за децата, но и за нивните семејства како процес на другарување и инклузија.Анастасија Митреска, мајка на дете со церебрална парализа, среќна поради отворањето на...

Продолжи со читање

Родова инклузивност

Вклучување на жените во руралниот туризам

Post Views: 34 „Родова инклузивност и вклучување на жените во руралниот туризам-принципи на агротуризмот“  е темата на дводневната обука на вработените во Секторот за туризам и локален економски развој  при општина Охрид, што започна денес.Обуките ги спроведуваат стручни консултанти од ЕУРО-ВИСТА КОНСАЛТИНГ.Работните сесии се на теми: Инклузија на жените во руралните средини; Основи на одржлив рурален развој и рурален туризам; АГРОТУРИЗАМ – Критериуми и стандарди; Услуга на клиенти; Основи на Маркетинг во рурални средини; Презентација на Мерка 7 од ИПАРД 3...

Продолжи со читање

Улица Ѓорче Петров

Се поставува атмосферска канализација на ул. Ѓорче Петров

Post Views: 42 Денес започнаа градежните работи за поставување на атмосферска канализација на улицата „Ѓорче Петров“.Носител на градежните активности е ЈП „Нискоградба“, а вредноста на проектот изнесува 5 милиони и двеста илјади денари.

Продолжи со читање

Насилство врз жена

Тројца охриѓани нападнале 19-годишна девојка

Post Views: 42 На 13.12.2022 година, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода С.П.(44) Д.П.(51), и К.П.(75), сите од Охрид, кои, истиот ден во 15:30 часот во куќа во Охрид физички ја нападнале Н.К.(19) од Охрид, по што Д.П. и се заканил со пиштол.Тие беа задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Затворен пазар

ЈП Градски пазар издава тезги под закуп

Post Views: 98 ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат...

Продолжи со читање

Собор МПЦ

Бугарската црква го призна томосот за автокефалност на МПЦ

Post Views: 50 Светиот синод на Бугарската православна црква на својата редовна седница под претседателство на бугарскиот патријарх Неофит донел одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква”, објавија бугарските медиуми.Според овие написи, Синодот на БПЦ смета дека МПЦ-ОА треба да се нарекува „Православна црква во Република Северна Македонија”. Медиумите јавуваат дека бугарскиот патријарх Неофит во своите диптиси на Божик ќе го вклучи и името на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, но како...

Продолжи со читање

Дојава за бомба

Дојави за бомби во 15 училишта во Скопје

Post Views: 41 Дојава за поставени експлозивни направи утрово има до 15 училишта. Учениците и персоналот на училиштата се евакуирани од објектите и во тек се проверки на просториите.Денеска околу 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – соопштија од МВР.Дојава за...

Продолжи со читање