Skip to main content

Автор: инфодеск

Вмро дпмне Охрид

ВМРО ДПМНЕ : СДСМ дозволува криминал со незаконско сечење дрва во НП Галичица

Post Views: 40 „Со централната власт на СДСМ и нивните директори имаме непочитување на законите, уништување на природата и злоупотреба на функциите за лични цели. Со амин на СДСМ, лице вработено во ЈУНП „Галичица“ на позиција шумар ја злоупотребува службата и подолг период дозволува сечење дрва во сопственост на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.Зошто се премолчува пустошењето на националниот парк „Галичица“? Што треба да се случи за надлежните да преземат нешто знаејќи дека лицето и претходно е пријавено за злоупотреба за службената...

Продолжи со читање

Свети пророк Наум

Денеска се слави Свети пророк Наум

Post Views: 37 Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби.Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше.Свети Наум поживеа четириесет и пет години...

Продолжи со читање

Охрид

Итна мобилизација за водостојот на Охридското и Преспанското езеро

Post Views: 63 Водостојот на Охридското Езеро се наближува до минимално дозволената кота. Според денешното мерење, нивото е на седум сантиметри до критичната точка. Драстичните намалувања на водостојот се резултат на климатските промени, лошо управување со езерото и час поскоро треба да се преземат мерки.Експертите велат штетите врз еко системот од осцилациите на најголемото природно езеро во Европа, се несогледливи, но никој не води грижа.Искористувањето на водата на Охридското езеро како резервоар за производство на струја е нешто многу негативно за еко системот....

Продолжи со читање

Вакцинација

Имунизацијата оптимална, грипот на минимум

Post Views: 31 Бројот на регистрирани лица со сезонски грип во Охрид но и во регионот е мал. Клиничката слика на заболените била стабилна при што ниту матичните лекари ниту инфективното одделение досега немаат земено брис од суспектно болни за да се потврди кој тип на вирус циркулира во нашиот регион, вели епидемиологот Јованка Стурлакова Коровешоска од Центарот за Јавно Здравје-Охрид, но истакна дека има појава на регистрирани нови ковид случаи. Околностите со грипот постојано се следат и не се драстично променети уште од 40та календарска недела од кога започнуваат...

Продолжи со читање

Струга болница

Алармантна состојбата на детското одделение во Струга

Post Views: 58 „Секој ден се поголем број пациенти се помалку доктори, ова веќе не се издржува“, ова се зборовите со кои Д-р Вулнет Бектеши укажува на исклучително лошата состојба на Детското одделение во Општата болница во Струга.Во објавата на фејсбук д-р Бектеши јавно ги повикува премиерот, министерот за здравство и директорите на општите болници Струга и Охрид да направат нешто конкретно за решавање на проблемот.Напливот на пациенти на детското одделение во Струга започна откако пред една година поради недостиг на педијатри се затвори детското одделение во...

Продолжи со читање

Типизирани куќарки

Се издава урбана опрема за продажба на храна и сувенири

Post Views: 37 ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенириПлоштад св. Климент ОхридскиГрафички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени на шематскиот приказ во прилог.Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 20.12.2022 до 20.01.2023 година.2. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:урбана опрема  2.2 м²  за продажбата на храна и сувенири со почетна цена од...

Продолжи со читање

Улица Будва

Завршува реконструкцијата на улица Будва

Post Views: 34 Во тек се завршните активности за реконструкција и асфалтирање на улицата „Будва“.Според договорот со АД „Илинден“, поставен е нов слој асфалт во должина од 700 метри, плочник по целата должина на улицата, а претходно ЈП „Нискоградба“ постави нова атмосферска канализација.Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10 милиони денари, со која значително се подобруваат сообраќајните и инфраструктурни услови за жителите од оваа населба.

Продолжи со читање

Света Богородица Болничка

Завршија конзерваторско-реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка

Post Views: 33 Завршија конзерваторско – реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка во стариот дел на градот Охрид која датира од XIV век.Претходни последни интервенции врз фрескосликарството биле во 1959-69 година. Оваа година со конзервација беше опфатено фиксирање и стабилизирање на ранливи делови нападнати од влага на источниот и северниот ѕид која негативно делуваше на на основите на живописот. На јужниот ѕид од носот беа обновени старите конзерваторски малтери, додека на источната и северната фасада беа обновени старите и дотраени фуги од кои...

Продолжи со читање