Skip to main content

Автор: инфодеск

Елшани

Се поплочуваа краци од улица во Елшани

Post Views: 35 Работници од Секторот за Канализациони објекти, инсталации, улици и патишта извршија поплочување на краци од улица во село Елшани.Поплочувањето се направи со бекатон плочи и опфати околу 100 м2 површина, информираат од ЈП „Нискоградба“ Охрид.

Продолжи со читање

Крводарителска акција

Крводарителска акција денес на ФТУ Охрид

Post Views: 38 Денеска од 10 до 14 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се спроведе крводарителска акција под мотото „Подај рака за живот, дарувај крв“.Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција. Искористете го РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување за да ја искажете својата хуманост – велат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Водоснабдување

Денес неколку часа без вода Стариот дел на градот

Post Views: 78 Поради приклучување во мрежа на неколку објекти во новата водоводна линија на улицата „Христо Узунов“, на ден 13.12.2022 година (Вторник) од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците : „Цар Самуил“, „Коста Абраш“ и сите улици од стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Продолжи со читање

Охриѓанка картичка

Денес стартува Охриѓанка, картичката за попуст

Post Views: 50 Од денеска е достапна картичката Охриѓанка, со која охриѓани ќе можат да купуваат со попуст. Цените во Охрид, во споредба со светските туристички места, не се премногу високи, но граѓаните речиси и да немаат вонсезонски намалувања, па затоа преку целата година се туристи во сопствениот град. Од тука и произлегува идејата за создавање на картичката, вели еден од креаторите на концептот Охриѓанка, Никола Митрески, менаџер на Инсајд.„Идејата е да се направи голема разлика за цени за туристи и за охриѓани, затоа што ние цело време сме туристи во својот град....

Продолжи со читање

Полициска сирена

Уапсени шверцери на артефакти

Post Views: 50 Голема акција на полицијата. На повеќе од 20 локации во земјава се вршеле претреси, а уапсени се неколку лица од организирана криминална група за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност.Од МВР  потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.

Продолжи со читање

Комуналец

Отстранети скршените дрвја на Кеј Македонија и Горица 1

Post Views: 61 После нестабилното време кое го зафати охридскиот регион, проследено со засилен ветер и обилни врнежи, оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ се на терен и максимално ангажирани да се санираат последиците.Безбедно се отстранети и транспортирани две дрвја од „Кеј Македонија” и Горица 1, кои под налетите од силниот ветер се скршија. Голем број вонредни активности за одржување на јавната чистота по јавните површини во централното градско подрачје, периферијата и градскиот кеј – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Џудо клуб Дрим Струга

3-то место за Џудо клубот Дрим на Државно првенство

Post Views: 52 Џудо клубот „Дрим“ од Струга го освои третото место на Екипно Државно првенство за сениори MIX TEAM.Голем успех за нашиот клуб на државно ниво. Честитки до џудистите на ЏК Дрим Струга како и честитки до сите останати екипи – велат од Џудо клубот „Дрим“.

Продолжи со читање

Прекин на водоснабдувањето

Стариот дел на градот утре без вода

Post Views: 38 Поради приклучување во мрежа на неколку објекти во новата водоводна линија на улицата „Христо Узунов”, на ден 13.12.2022 година (вторник) од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците : „Цар Самуил“, „Коста Абраш“ и сите улици од стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Продолжи со читање