Автор: инфодеск
Post Views: 38 Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Вардар кај Јегуновце, на Треска кај Македонски Брод, на Бабуна кај Богомила, на Струмица кај Сушево, на Црни Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека намалени водостои има на Брегалница кај Берово, Пчиња кај Пелнице и Црна река кај Новаци.Водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро, според денешните мерења, се во рамки на просекот за декември.
Исплата на финансиска поддршка за ранливи категории
Post Views: 67 Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Поддршката се однесува на :-корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица,-корисниците на посебен додаток,-корисниците на правото на надоместок заради попреченост,-корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради...
Ново поевтинување на цените на горивата
Post Views: 38 Дизелот и бензините од полноќ ќе се продаваат по уште пониски цени, објави Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комсиија за енергетика.Цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, а поевтинувањето на Еуросупер 98 и Еуросупер 95 ќе биде за 1,5, односно за 1 денар. Со новите цени дизелот треба да биде 78 денари, а бензините 78 и 76,5 денари од утре.Цената на дизелот и другите горива во малопродажба е намалена за речиси 30 отсто во последните неколку недели. Дизелот, кој се користи во транспортот и има големо влијание при формирање на цените...
Опожарено возило паркирано на бул. Туристичка
Post Views: 32 На 10.12.2022 година во 10:20 часот во СВР Охрид, К.М.(40) од селото Ботун, општина Дебрца, пријави опожарување на нејзиниот автомобил „Мерцедес”, паркирано на булеварот „Туристичка” во Охрид.Повредени лица нема, а се преземаат мерки за расветлување на настанот – информираат од СВР Охрид.
Општина Охрид со поддршка за учениците со потешкотии во учењето
Post Views: 50 Општината Охрид дава силна поддршка за унапредување на правата и образовните услови за лицата и учениците со специфични потешкотии во учењето преку креирање на инклузивно општество за учениците со специфични потешкотии во учењето. Главен фокус на оваа активност е подобрување на образовните услови за учениците со дислексија, преку обука на наставниот и стручниот кадар во училиштата, кој за жал нема никакви или има многу мали познавања за оваа состојба.За таа цел воспоставивме соработка со Здружението за дислексија АЈНШТАЈН Скопје, кое претставува единствената...
Тепачка во работилница на ул. Кленоец
Post Views: 32 На 10.12.2022 година во 12:30 часот, во работилница лоцирана на улицата „Кленоец” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална караница помеѓу Т.В.(64), Ј.В.и Љ.Т.(63), сите од Охрид.Притоа, Т.В. со метален предмет, физички го нападнал „Љ.Т. кој е пренесен во „Општа болница” во Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Денес Отворен ден на УИНТ Св. Апостол Павле
Post Views: 40 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во рамките на своите промотивни активности, денеска од 11-13 часот организира Отворен ден.Отворениот ден на Универзитетот се организира со цел да бидат презентирани тековните студиски програми и можностите за професионален развој на идните студенти.Се покануваат матурантите и нивните родители да ги запознаат одблиску професорите, да ги слушнат искуствата на студентите, да се информираат за можностите за студирање, меѓународна размена, практиканството и кариера во ИТ секторот. Освен...
Промоција на книгата Во душата на немиот свет
Post Views: 42 Во четврток, 15-ти декември, во НУ Градска библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ќе се одржи промоција на романот за деца „Во душата на немиот свет“ од писателката и поетеса Даниела Илијоска.Книгата е во издание на Здружението за литература и други уметности „Креативна верига“, а финансирана од Министерството за култура. Водител на настанот е Јордан Коцевски, додека рецензент и промотор е Маја Мојсова. Воведен збор ќе има директорот на библиотеката, м-р Милчо Јованоски.Во рецензијата за книгата, меѓу другото, се вели: „Романот за деца „Во душата на немиот...







