Автор: инфодеск
Views: 214 Во Охрид денес ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27 степени.Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Охрид доби 15 нови спасители на отворени води
Views: 222 Во организација на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст – Охрид, во периодот од 21 до 28 јуни успешно беше реализиран овогодинешниот курс за спасители на отворени води.На обуката учествуваа 22 кандидати од Охрид и Струга, кои поминаа низ интензивна теоретска и практична подготовка.Поради високите критериуми и сериозните физички предизвици, курсот успешно го завршија 15 кандидати, кои се стекнаа со звањето спасител на отворени води.Од Центарот за безбедност на вода истакнуваат дека новите спасители покажале висок степен на дисциплина, посветеност и...
Со концерт на НУ Ансамбл „Танец“ свечено отворено 65. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид
Views: 238 Со целовечерен концерт на Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, синоќа свечено беше отворено јубилејното 65. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид, најстарата меѓународна фолклорна манифестација на Балканот.Свеченото отворање започна со настапот „Билјана платно белеше“ во изведба на КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид, по што следуваше концертот на ансамблот „Танец“, кој со богат репертоар од македонски народни игри и песни ја воодушеви бројната публика и го означи почетокот на четиридневната фестивалска...
СВР Охрид со кампања „Безбедно на педалинки“
Views: 222 Со цел зголемување на безбедноста на вода во текот на летната туристичка сезона, Одделението за превенција при СВР Охрид ја започна превентивната кампања „Безбедно на педалинки“.Во рамки на активностите, полициски службеници од Одделението за превенција остваруваат интензивна комуникација со лицата кои на плажите долж охридското крајбрежје издаваат педалинки за рекреативна намена. Притоа, тие укажуваат на потребата од поголема внимателност и одговорност при нивното изнајмување на туристите.Особен акцент се става на задолжителната проверка на техничката исправност на...
ЈП „Градски пазар“ Охрид издава локација за поставување фрижидери за продажба на сладолед
Views: 205 ЈП „Градски пазар“ Охрид објави јавен повик за издавање локација за поставување урбана опрема, фрижидери за продажба на сладолед.Станува збор за една локација на Кеј „Македонија“, на која може да се постават најмногу два стандардни фрижидери на површина од 4 квадратни метри.Заинтересираните правни и физички лица графичките прикази со нумеричките ознаки на локацијата можат да ги преземат од веб-страницата на ЈП „Градски пазар“ Охрид или секој работен ден од 7:00 до 15:00 часот во просториите на претпријатието.Според објавениот повик, урбаната опрема ќе се издава за...
56-годишна охриѓанка тешко повредена откако во неа удрил мопед на булеварот „Македонски Просветители“
Views: 200 Педесет и шестгодишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на 3 јули 2026 година околу 14:45 часот на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале запрено патничко возило „Киа“ со охридски регистарски таблички, електричен мопед „Јадеа“ со охридски регистарски таблички и пешак.Во текот на незгодата, електричниот мопед удрил во 56-годишната охриѓанка, која се здобила со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во...
Малолетен велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Охрид, возачот го напуштил местото
Views: 232 На 3 јули 2026 година, околу 17:20 часот, на крстосницата меѓу булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 15-годишно момче од Охрид и патничко возило.По несреќата, возачот на автомобилот не застанал, туку го напуштил местото на настанот.Во несреќата, малолетниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.По преземени мерки, полициските службеници го пронашле возилото „Фолксваген Тигуан“ со...
Во лето не заборавајте на калиумот
Views: 225 Со доаѓањето на високите летни температури, стручњаците советуваат да се обрне поголемо внимание на внесот на калиум, минерал и електролит кој е неопходен за нормално функционирање на организмот. Бидејќи со потењето телото губи дел од калиумот, неговото надоместување е особено важно во текот на летото, пренесува HuffPost.Калиумот има клучна улога во работата на мускулите, преносот на нервните импулси, одржувањето на рамнотежата на течностите, регулирањето на крвниот притисок и правилниот срцев ритам. Според Националниот институт за здравје на САД (NIH), на возрасните жени...









