Автор: инфодеск
Post Views: 60 Екипи на МВР и противпожарните единици од утрово трагаат по лице кое се фрлило во водите на реката Вардар. Мажот скокнал од мостот Близнак на булевар „Србија“ во Скопје.Коритото на реката го пребаруваат тимови на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.Преку Центарот за управување со кризи побараа поддршка и ангажирање на специјализираните тимови за пребарување во води од Дирекцијата за заштита и спасување.Информацијата за случајот е добиена утрово во 6 часот на телефонскиот број 112.
Приведен охриѓанец
Post Views: 38 На 10.12.2022 година во 01:40 часот, на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, К.С.(43) од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник кој преземал службени дејствија.Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Попладнево обилни врнежи од дожд
Post Views: 30 Под влијание на циклонска активност попладне и во текот на ноќта времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат обилни при што локално се очекуваат и над 30 литри на квадратен метар. Доколку локално врнежите бидат од пороен карактер и за кратко време паднат поголеми количини на врнежи, можни се локални зголемувања на водостоите на помалите реки и суводолиците низ земјава (како и локални излевања), а можни се и локални проблеми во дел од градските урбани средини. Се очекуваат и зголемувања на водостоите и на поголемите реки низ...
Европскиот елен на Галичица вистинска атракција
Post Views: 49 Две и пол метарската жичена ограда ги штити од дивиот и за нив суров свет. Тоа го покажуваат и честите посети на волци околу оградата, а имало и случај кога мечка ја срушила заштитната ограда во обид да влезе во стадото.Склад за храна, хранилки, голема локва, односно поилиште за вода се дел од сликата меѓу разиграното стадо. Поголемиот дел се подготвени сами да егзистираат во дивината, но во стадото има и мали, кои ќе продолжат да растат во хумани услови и човечка грижа.Во рамки на репродуктивниот центар изградена е потребната инфраструктура. Има објект...
Почина градската легенда Илија Фармакоски-Фармак
Post Views: 129 Илија Фармакоски – Фармак почина денес на 68 годишна возраст. Урбана градска легенда, познат охридски угостител. Беше сопственик на познатиот ресторан „Тошо“ во Охрид, своевремено еден од култните угостителски локали. Фармак остави неизбришлива трага во охридското културно живеење.Погребните останки ќе бидат изложени на градските гробишта во Охрид утре (11 декември 2022) од 13 часот.Искрено сочувство до семејството.Извор/ОхридНет
Во вторник крводарителска акција на ФТУ
Post Views: 35 Искористете го Радосен декември, месецот на дарување да ја искажете својата хуманост на крводарителската акција која под мотото „ПОДАЈ РАКА ЗА ЖИВОТ! ДАРУВАЈ КРВ!“ ќе се реализира на 13.12.2022 г. (вторник), од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство, Охрид.Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид, како и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција – велат од Црвен крст Охрид.
Хотелскиот сектор не доби помош од државата
Post Views: 32 Нема помош од државата за хотелскиот сектор. Одговорот од владата е дека барањето за финансиска поддршка од ХОТАМ, поради енергетската криза и превисоките сметки за електрична енергија, кои е невозможно да се сервисираат, се разгледува.Речиси половина од хотелите на охридско-струшкото крајбрежје ставија клуч на врата. Некои нема да отворат ниту за Новогодишните празници. Особено поголемите хотелски капацитети кои не можат да ги продадат собите бидејќи годинава е намален интересот за дочек на Новогодишните празници.Одговорите ни се секогаш исти дека се...
Доброволен придонес преку Граѓанска наука
Post Views: 29 „Граѓанска наука“ е најнова активност во организација на Националниот Парк Галичица. Вљубеници во природата, луѓе кои често ја посетуваат Галичица, уживаат во нејзините убавини, во наредниот период ќе имаат можност доброволно да се вклучат и да придонесат за збогатување на податоците и да помагаат во спроведување на научни истражувања при Националниот парк.„Секој кој што ќе биде вклучен во оваа активност, негова задача ќе биде додека ужива во природата која ни ја нуди Галичица, да фотографира да сними одреден растителен или животински вид кој што ќе биде...







