Skip to main content

Автор: инфодеск

Центар за култура

Во чест на Св. Климент ќе се одржи и Фолклорна смотра

Post Views: 36 Утре, 7-ми декември (четврток) со почеток во 17 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи Фолклорна смотра во организација на СОФАМ, западен регион.Покрај учесниците од повеќе градови членови на СОФАМ, присутен ќе биде уметничкиот совет, како и претседателката проф. Мирјана Мирчевска.Пред концертот ќе има дефиле низ охридската чаршија и положување на цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски.

Продолжи со читање

Свети климент

Вечерва Свечена академија во чест на Св. Климент Охридски

Post Views: 42 Вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи Свечена академија во организација на ОСУ „Св. Климент Охридски“ и Општина Охрид.Настанот е по повод 8-ми декември, патронен празник на ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Продолжи со читање

Бадникова поворка

Бадникова поворка повторно во Охрид

Post Views: 36 По две години пауза поради пандемијата, повторно ќе се организира Бадникова поворка во Охрид. Подготовките за овој значаен духовен настан започнуваат на 10 декември, информираат организаторите.Се известуват сите деца дека големата радост Бадникови поворки, продолжува! Со цел да ја продолжиме оваа стара духовна традиција ве покануваме да се приклучите во подготовките се до ,,Бадниковото навестување за раѓањето на Христос” на 6-ти јануари 2023 година кое ќе биде одбележано со голема поворка низ Охридските улици, во која ќе учествуваат деца пеејки ја некогашната...

Продолжи со читање

Виктор Фридман

Виктор Фридман добитник на Светската награда за хуманизам

Post Views: 35 Виктор Фридман, лингвист, славист и македонист, професор на Универзитетот од Чикаго е добитник на Светската награда за хуманизам за 2023 година што Охридската академија на хуманизмот ја доделува во чест на Свети Климент Охридски.Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 9 август 2023 година, на празникот „Летен Свети Климент“, кога треба да биде откриено спомен-обележје на плоштадот Долна порта, а Охрид да биде прогласен за Центар на светскиот хуманизам.Охридската академија на хуманизмот информира дека Фридман преку писмо му се...

Продолжи со читање

Охрид градба езеро

Албанија и Македонија не изготвија план за спроведување на препораките на УНЕСКО

Post Views: 29 Албанската и македонската влада се уште не изработија заеднички план за спроведување на препораките на Унеско. Временскиот рок притиска, а изминатиот период не е евидентиран ниеден значаен чекор за зачувување на статусот Светско природно и културно наследство.Останаа проблемите со заштитата на шумите, реките и загадувањето на еко системот. Според експертите потребни се итни мерки за изработка на стратегија и комуникација помеѓу сите актери на целиот слив на Охридското Езеро.Нема некој документ подготвен од двете страни. Имаме некои состаноци каде се вели...

Продолжи со читање

Дрворед Горица

Се засадува нов дрворед на патеката кон Горица

Post Views: 36 Започнаа активности за засадување на нов дрворед на патеката кон „Горица“. Според планираното ќе бидат засадени вкупно 123 садници од автохтони видови врба и даб.Новите садници се дел од Планот за ревегетација на Општина Охрид, како замена за дрвјата кои беа отстранети поради реконструкцијата на булеварот „Македонски Просветители“.На оваа улица, според предвидениот проект за реконструкција ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Малус.Новиот дрворед на патеката кон „Горица“ се засадува на потегот кај Скејт паркот и на потегот од Фитнес...

Продолжи со читање

Струга украсена

Струга ќе биде празнично украсена

Post Views: 44 Струга ќе блесне во празнично руво. Градот на мостовите ќе биде украсен за Новогодишните и Божиќните празници. Најавен е концерт за најмладите, но нема да има масовен дочек на плоштадот Мајка Тереза.Поради кризата и препораките за штедење прославата ќе биде скромна, за оваа намена општината издвои 5000 евра.Увидовме дека граѓаните сакаат повеќе, без оглед дека има енергетска криза нешто да се направи и во делот на украсувањето. Најголемиот дел се однесува на ангажирање на музичарите за одржување на концерт за деца, но ќе направиме надополнување на...

Продолжи со читање

Подарете мобилен телефон

Подарете мобилен телефон што не го користите

Post Views: 34 „РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ“ го нарекуваме овој месец на дарување во кој со бројни и креативни хуманитарни активности се обидуваме да ги поттикнеме нашите сограѓани да бидат хумани, да подаруваат и помагаат на ранливите категории на граѓани“, велат од Црвен крст Охрид.Во новата хуманитарната акција на Црвен крст Охрид во соработка со MI&DA Mobile Service Center од Охрид ви овозможуваат да ги израдувате лицата од социјален ризик, подарувајќи им мобилен телефон што не го користите.Доколку имате вишок или неисправен мобилен телефон донесете го во салонот...

Продолжи со читање