Skip to main content

Автор: инфодеск

Археолошки истражувања на Самуилова тврдина

Завршија археолошките истражувања на Самуиловата тврдина

Post Views: 35 Завршија предвидените археолошки истражувања за 2022 година на локалитетот Самуиловата Тврдина во Охрид.Финансиските средства за реализација на проектот беа обезбедени со програмата за финансирање од буџетот на Република Северна Македонија со наслов: „Доистражување на просторот од Самуилова Тврдина – Цитадела, изработка на конзерваторски проект и непосредна заштита – конзервација на објекти со цел ревитализација на целиот простор, заради целосна презентација и самоодржување.Локалитетот Самуилова Тврдина веќе неколку години е истражуван во...

Продолжи со читање

Санитарни јазли

Реконструктивни зафати во охридската гимназија

Post Views: 81 Градежни работи деновиве се одвиваат во ОСУ „Св. Климент Охридски“.Во училиштето се реконструираат санитарните јазли. Дополнително тука се врши и реконструкција на училишните простории. Финансиските средства за овие зафати се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информира градоначалникот Пецаков.

Продолжи со читање

Лекторат по македонски јазик во Тирана

Иницијатива за лекторат по македонски јазик во Тирана

Post Views: 43 Лекторат по македонски јазик на Универзитетот во Тирана, веќе е повеќе од потребен. Не само заради големиот интерес за македонистиката од страна на новите генерации на македонската заедница којашто е втора по бројност меѓу малцинствата во Албанија, туку и за да се овозможи сите студенти што студираат филологија во Тирана да можат да го изучуваат и македонскиот јазик. Овој лекторат би бил клучен за унапредување на културните врски меѓу двата народа и двете држави, за развивањето на добрососедските односи и за градењето нови мостови на соработка меѓу македонската и...

Продолжи со читање

Сам против сите

Драмата Сам против сите ќе се прикажува во Охрид

Post Views: 33 Во среда на 14-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажана современета драма „Сам против сите“.Автор на текстот е драматургот Огнен Неделковски. Играат: Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и младиот актер Димитрие Марковски. Tемата на оваа пиеса е борбата против анксиозноста и депресијата. Лекот за нив се наоѓа во секој од нас, само треба да го најдеме. Целта на „Сам против сите” е да им помогне на сите луѓе да се погледнат во огледало, да се соочат со своите стравови и да се изборат за своето место под сонцето....

Продолжи со читање

Чистење на струшко крајбрежје

Акција за чистење на струшкото крајбрежје

Post Views: 39 Oпштина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко беа дел од акција за прочистување на неколку локации од Охридското Езеро. Во рамки на акцијата која беше организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, а поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак, беше собран отпад на вкупна површина од 100.000 метри квадратни.Градоначалникот Мерко ги повика стружани заеднички да ја чуваат околината и да обезбедат чиста и здрава животна средина.Задоволство ми е што денеска сум дел од ваква еколошка акција и соработка. Нашиот град...

Продолжи со читање

Отворен ден Волонтерство

Црвен Крст со отворен ден за волонтери

Post Views: 37 „Солидарност преку волонтерство, дејствуваме заедно“ e мотото под кое годинава се одбележува светскиот ден на волонтерството. Во просториите на Црвен Крст Охрид по тој повод денеска беше организиран Отворен ден за волонтери на кој заинтересираните имаа можност да се запознаваат со активностите и принципите на ова благородно хоби. Најбројни посетители беа ученици на подрачното основно училиште Григор Прличев од населба Рача.Овие млади потенцијални активисти проследија предавање, имаа можност да се запознаат со постојните волонтери, а со тоа и да разберат како...

Продолжи со читање

Училиште Косел

Реконструктивни зафати во училиштата во Косел и Куратица

Post Views: 43 Започнаа работни активности за реконструкција на санитарните јазли во подрачниот училишен објект на ООУ „Ванчо Николески“ во село Косел. Извршено е поставување на нови ѕидни и подни плочки, а планирано е да бидат поставени и нови санитарни елементи. Во текот на наредниот период ќе биде изградена и настрешница во дворот на училиштето.Исто така, во моментот во тек се и работни активности за промена на олуците на подрачниот училишен објект на ООУ „Ванчо Николески“ во село Куратица.Активностите се дел од годишната програма за образование на Општина...

Продолжи со читање

Полиција

Жител на Мешеишта упатувал закани кон полицајци

Post Views: 39 На 04.12.2022 година во 11 часот во СВР Охрид приведен е Ј.М.(31) од селото Мешеишта, општина Дебрца.Тој се однесувал агресивно и упатил навреди и закани кон полициски службеници кои преземале службени мерки. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање