Автор: инфодеск
Post Views: 64 Тетовско-гостиварската епархија информира дека вчера почина, а денеска е погребан игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир. По опелото тој е погребан во Лешочкиот манастир.На 3 декември 2022, во навечерието на празникот Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста, се упокои игуменот на Лешочкиот манастир, Теодосиј. Со таговна радост и неодминливо воскресенско чувство во срцето го испративме во другиот, вечен живот. На опелото во Лешочкиот манастир чиноначалствуваше надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од епархијата...
Казнети возачи под дејство на алкохол
Post Views: 32 На 03/04.12.2022 година, при преземени мерки во сообраќајот, полициските службеници во Охрид затекнале 4-ца возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира портпаролот на СВР Охрид.
Физичка пресметка меѓу три лица во Лескоец
Post Views: 37 На 03.12.2022 година околу 14:00 часот на улицата „Тоде Лупески” во охридското село Лескоец нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помегу З.Ж.(56) од една и Н.К.(21) и М.К.(26), од друга страна, сите од истото село.З.Ж. е приведен во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот против нарушителите ќе биде поднесена соодвеетна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Прв конгрес на македонските нуркачи во Охрид
Post Views: 36 Во изминатите два дена, на 3-ти и 4-ти декември во Охрид се одржа Конгрес на македонските нуркачи. Конгресот имаше за цел размена на искуства, проблеми, замки и трикови во нуркањето, како и соработка помеѓу клубовите и Центрите, но и барање на насоки што може да се направи за иднината на нуркањето во Македонија.Чисто езеро не би имале без бројните акции на нуркачите за чистење на езерското дно. Тие неуморно го промовираат градов како атрактивен туристички центар во зима со китење на подводната новогодишна елка, а се дел и од организацијата на богојавленската...
Тепачка во казино на улицата Абас Емин
Post Views: 31 На 04.12.2022 година во 03.20 часот во СВР Охрид пријавено е дека во казино на улицата „Абас Емин” во Охрид, Ц.Б. физички го нападнал Н.Б.(23), двајцата од Охрид.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Младен Чадиковски реизбран за претседател на ЗНМ
Post Views: 49 Чадиковски доби 275 гласови, Николовски 119, а Кока 53 гласови. По објавувањето на резултатите, Чадиковски изрази задоволство не само од изборот, туку и од евидентно, како што рече, обединување во професијата.Направивме еден собир, да речам, најголем во историјата на македонското новинарство, каде што повеќе од 450 новинари, сниматели, медиумски работници, дојдоа демократски на фер начин да си го искажат своето мислење за тоа каде треба да се движи новинарството понатаму. И особено сум среќен и задоволен што сите заедно и тие што учествуваа на ова...
Битолчанец каснат од куче скитник во Охрид
Post Views: 45 На 02.12.2022 година, А.Т.(34) од Битола, во СВР Охрид пријавил дека бил каснат од куче скитник.Инцидентот се случил во 14:20 часот на булеварот „Железничка“ во Охрид – информира портпаролот на СВР Охрид.
Кривична за охриѓанец поради узурпација на недвижности
Post Views: 41 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(25) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.Пријавениот, во својство на управител во правниот субјект, од јуни до октомври 2022 година неовластено узурпирал околу 200 метри квадратни простор на плажа пред хотел покрај брегот на Охридското езеро, кој со пропис е прогласен за имот од општа употреба и противправно поставил 50 чадори за сонце и 120 лежалки. Тоа го направил без да добие одобрение од надлежните...







