Skip to main content

Автор: инфодеск

Приведен

Пронајдена дрога кај охриѓанец

Post Views: 37 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Д.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.При претрес извршен во неговиот дом по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа амфетамин и дигиталната вага со траги од кокаин и тетрахидроканабинол – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Бина центар за култура Струга

Санација на бината во струшкиот центар за култура

Post Views: 39 Во текот на септември и октомври со средства од Министерството за култура беше извршена санација и реконструкција на платото пред летната сцена.Тековно преку донации од културни работници, уметници, здруженија за култура и преку соработка со општествено одговорни компании, како и сопствени средства се работи на санација на главната бина, фасадата и паркот.

Продолжи со читање

Граѓански буџет општина Дебрца

Граѓански буџет за 2023 во Општина Дебрца

Post Views: 28 Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2023 година.Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет. Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници – информираат од Општина Дебрца.Во рамките на...

Продолжи со читање

Новогодишни украси

Се издаваат тезги за продажба на новогодишни украси

Post Views: 93 По повод Новогодишните и Божикни празници, ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни и божикни украси на плоштадот „Крушевска Република“.Сите заинтересирани лица кои што сакаат да изнајмат тезги, треба да се пријават најкасно до 05.12.2022 година, во просториите на ЈП „Градски Пазар“ на бул. „Туристичка“ бр. 79.Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП „Градски Пазар“.

Продолжи со читање

Зелен отпад

Подигнат зелен отпад на ул. Кленоец и Радојца Новичиќ

Post Views: 33 Реализирана уште една вонредна акција за подигнување зелен отпад на улиците „Кленоец“ и „Радојца Новичиќ“.Со цел да им излеземе во пресрет на барањата на жителите од ул. „Кленоец“ и ул. „Радојца Новичиќ“, реализиравме трета акција во есенскиов период за подигнување зелен отпад од уредување на градини и земјоделски производи. Подигнати се 24м3 зелен отпад – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Дон Кихот

Балетската претстава Дон Кихот вечерва во НОБ

Post Views: 42 На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Продолжи со читање

Стендап шоу

Вечерва Стендап шоу со Атанас, Тино и Коле

Post Views: 63 Вечерва со почеток во 20 часот, стендап шоу со Атанас, Тино и Коле во НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид, голема сала. Картата чини 250 денари.Билетите се ограничени! Бидете брзи! Неверојатно шоу со нов материјал! За ваше трајно задоволство и раздвижување на стомачните ќе се погрижат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски и Никола Тодороски – велат организаторите.Шоу кое не смеете да го пропуштите!Билети на касата при Центарот или резервирај на 075 283 066 / 046 261 063.

Продолжи со читање

Реконструкција на санитарни јазли

Реконструкција на санитарни јазли во училиштето во Лескајца

Post Views: 39 Започна реконструкцијата на санитарните јазли во училиштето во Лескајца.Во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца, започнаа градежни активности за целосна реконструкција на санитарните јазли. Исто така, во оваа училишна зграда се одвиваат и активности за реконструкција на електричната инсталација – информира градоначалникот Пецаков.

Продолжи со читање