Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид панорама

Охрид ќе расчистува стари ДУП-ови кои не можат да се донесат

Post Views: 174 Граѓаните и охридските советници се интересираат за судбината на урбанистичките планови изготвени пред повеќе од 10 години, но никако да се донесат. Во време кога се крои Програмата за урбанистичко планирање за 2023 година советниците бараат подетални информации за секој план, кога е започнат да се изработува и поради кои причини не е ставен на Совет за усвојување.Во Нацрт програмата за урбанистичко планирање за 2023 година предвидено е донесување на 10-тина ДУП-ови. Урбанистичкиот план за УЗ 4 „Распаќе“ изготвен уште во 2010 година, но 12 години не е...

Продолжи со читање

Дон Кихот

Балетската претстава Дон Кихот на 2 декември во НОБ

Post Views: 42 На сцената на Националната опера и балет на 2-ри декември 2022 со почеток во 20 часот ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот” од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Продолжи со читање

Табела локални

На кои медиуми им веруваат охриѓани?

Post Views: 41 Граѓаните ги менуваат своите навики за информирање од медиумите, притоа сè повеќе го користат интернетот, преку мобилен телефон или преку компјутер. Онлајн медиумите се повеќе ги привлекуваат огласувачите, но телевизијата сеуште останува влијателен извор на информирање, и е многу влијателна во формирањето на јавното мислење за политичките и за другите важни општествени прашања, според резултатите од истражувањата направени за потребите на ААВМУ.  Информирани граѓани се основата за одржување на едно успешно и силно демократско...

Продолжи со читање

Свети климент охридски

8 декември неработен ден

Post Views: 36 Согласно Законот за празниците на Република Македонија, идниот месец ќе има еден неработен ден.Неработен ден за сите граѓани ќе биде 8 декември (четврток).На овој ден се чествува споменот за Св. Климент Охридски, најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј.

Продолжи со читање

Врнежи од дожд

До петок дожд, на планините снег

Post Views: 56 Под влијание на нов влажен бран утре и во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР.Во четврток локално врнежите ќе бидат пообилни над 20 л/м2, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела ќе има локални врнежи од дожд.

Продолжи со читање

Улица Даме Груев

Завршија градежните работи на ул. Даме Груев

Post Views: 35 Со асфалтирање на потегот каде претходно се изведуваше нова фекална канализација се заокружуваат градежните активности на улицата „Даме Груев“. Целиот потег каде се работеше е вратен во првобитна состојба.Старата и нефункционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во функција за жителите од овој дел од градот – информираше градоначаникот Кирил Пецаков.Вредноста на проектот е 900 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Фејсбук

Жител на Велес ширел говор на омраза на фејбук

Post Views: 43 СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(50) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи”.Тој, на 20.10.2022 година, по текст од еден портал, објавен на социјалната мрежа Facebook, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Абразивни средства во Стар град

Депонирани абразивни средства во Стар град

Post Views: 57 Согласно законските обврски кои ги има ЈП „Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” депонирани се вреќи со сол и ризла во „Стар Град”.Со овие активности ќе се продолжи на повеќе локации во градот и руралните места со цел нашите служби и жителите превентивно да реагираат во справувањето со голомразица и снежни врнежи – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање