Автор: инфодеск
Post Views: 34 Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.11.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец ноември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2022 година (вторник);-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2022...
Почина неврохирургот Јовица Угриновски
Post Views: 82 По тешко боледување на 77-годишна возраст почина проф. др. Јовица Угриновски. Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф. Д-р Јовица Угриновски.Проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на „НЕУРОМЕДИКА”. Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето. Вечна му слава! – се наведува во соопштението на болницата „НЕУРОМЕДИКА”.Тимот на Твм.мк изразува...
Јавен увид на буџетот и нацрт програмите
Post Views: 54 Советот на општина Охрид на седницата одржана на 28.11.2022 година ги донесе нацрт програмите и нацрт буџетот за 2023 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи.Се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на општина Охрид.Јавниот увид трае 10 дена, почнувајќи од 28.11.2022 година.Повеќе информации на следниот линк
Истрага за обид за убиство на лице од Велешта
Post Views: 57 Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство од член 123 став 1, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Како што соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, на 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое односите му биле влошени поради должничко-доверителски обврски. Оштетениот му должел 2.000 евра на осомничениот и се договориле да се сретнат за да му ги даде....
Охрид ќе блеска во новогодишно руво
Post Views: 36 Охрид ќе биде накитен за Новогодишните празници. И покрај енергетската и економската криза главниот туристички центар ќе има организиран дочек на Новата година на градскиот плоштад.Според градоначалникот Пецаков, програмата се уште не е финализирана, но целокупната организација нема да чини повеќе од 12 000 евра. Забава ќе има два денови на 31 декември и 1-ви јануари.Ќе се украсува Охрид е туристичко место, туристички град и нема да трпи воопшто ниту на украсувањето, а секако ниту на Новогодишната забава, односно на оние кои ќе се погрижат за вечерта...
Нова водоводна линија на улицата Христо Узунов
Post Views: 49 Во тек е поставување на нова водоводна линија на улица „Христо Узунов“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 160 м.
Од полноќ нови цени на горивата
Post Views: 49 Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени.Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на еуросупер БС95 и еуросупер БС98 од полноќ се намалуваат за два денари за литар, па така, литар еуросупер БС95 ќе се продава за 84,5 денари, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 86,5 денари за литар. Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 1,5 денар и од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар.Од полноќ со нови цени ќе се продаваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот....
Ново мултифункционално игралиште во ООУ Христо Узунов
Post Views: 110 Ново мултифункционално игралиште за ракомет, фудбал и кошарка доби ООУ „Христо Узунов“ од Охрид. На свечениот настан присуствуваше и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.Овој племенит инфраструктурен зафат го покажува нашиот однос кон образовните институции и нашата грижа за најмладите. Дозволете ми да изразам искрена благодарност до Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа за донираната опрема, со која учениците ќе имаат оптимални услови за спортување на отворен простор. Ние како локална самоуправа, целосно сме посветени да обезбедиме најдобри услови за...







