Автор: инфодеск
Post Views: 69 Нацрт програмите, кои беа денеска на дневен ред на седница, според опозицијата, треба да се доработат со цел да се донесе функционален и остварлив буџет. Не се предвидени средствата за одредени активности кои беа отстранети со ребалансите во претходната година, дел од проектите кои требаше да се реализираат во претстојната година се пролонгираат, за некои се предвидени средства за отпочнување во претстојната година како за реконструкција на плоштадот Крушевска република, но дел се одложени на подолг рок до 2025 год, забележа координаторката на советничката група...
Жител на Радовиш поттикнувал омраза на фејсбук
Post Views: 59 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(58) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи”.Тој на 03.08.2022 година, по објавен текст на портал поставен на социјалната мрежа Фејсбук, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза против одредена група граѓани – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Казнети возачи во Охрид и Струга
Post Views: 86 На 27.11.2022 година од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници затекнале 176 возачи кои, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-31, Струга-98, Кичево-31, Дебар-16.). Против нив, поднесени се соодветни платни налози. Контролите во сообраќајот ќе бидат интензивирани со цел, зголемена сообраќајна безбедност во патниот сообраќај – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Реставрација на река Сатеска
Post Views: 198 Еден од позначајните проекти кој е во тек на имплементација на територијата на општина Дебрца и воопшто во Охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО е „Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито.”Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да се пренасочи најчесто повторуваниот протек од 15 m3 /s во нејзиното природно корито, што се влева во река Црн Дрим и заштита и намалување на таложењето на наносот во речното корито, со предвидување на антиерозивни мерки и таложник за собирање...
Штајнмајер утре во посета на Македонија
Post Views: 41 Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмајер утре доаѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија.Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страница на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Македонија.Во Скопје, како што е најавено, планирани се политички разговори на 29 и 30 ноември,...
Силен земјотрес во Босна и Херцеговина
Post Views: 45 Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил северно од Зеница на длабочина од два километри.Земјотресот бил почувствуван во Завидовиќ, Травник и други места во овој регион. Засега нема информации за евентуално повредени лица и за причинетата материјална штета.Сведоштвата на граѓаните, како што пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина, околу потресот се различни. Додека едни велат дека земјотресот бил силен и траел кратко...
Маслото Брилијант поевтино за 40 денари
Post Views: 52 Сашо Наумоски, директорот на „Витаминка“ вчера објави дека цената на маслото за јадење на брендот „Брилијант“ е намалена за 40 денари во изминатиот период.Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, рече вчера Наумоски при посетата на премиерот Димитар Ковачевски во фабриката.Пикот на кризата со цените на маслото беше во периодот април-мај по избувнувањето на војната во...
Денеска променливо облачно и ветровито
Post Views: 30 Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на некои места од земјата се очекува да провејува снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови од -2 до 4 степени, а дневната од 3 до 10 степени Целзиусови.И утре, според УХМР, утрото ќе биде студено со температура од -5 до 4 степени, а преку денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.







