Skip to main content

Автор: инфодеск

Црн Дрим Струга

Стружани повторно пијат заматена вода

Post Views: 43 Водата во Струга повторно заматена. Стружани се жалат, велат плаќаат сметки, но или немаат вода или таа е загадена па стравуваат да ја користат. Проблемот се провлекува години наназад, при секој дожд водата од градскиот водовод е обоена.Граѓаните се жалат во време на економска криза плаќаат високи сметки за вода, а принудени се да купуваат од продавница.Заматена е не се пие воопшто. Се плашиме и купуваме, но во оваа криза не се излегува на крај и со купување вода, а и плаќаме фактурите се многу високи – вели еден стружанец.Тоа е поради...

Продолжи со читање

Град Охрид

Предисторијата на Балканот

Post Views: 44 Од утре до недела во Охрид ќе се одржи Меѓународната конференција „Предисторијата на Балканот“. Ова ќе биде финален настан од проектот на Центарот за истражување на предисторијата од Скопје, Институтот за археологија од Тирана и Филозофскиот факултет од Белград, кој претставува прва заедничка соработка меѓу македонски, албански и српски археолози.Овогодишното осмо издание на конференцијата се организира во рамки на меѓународниот проект Заедничко културно наследство, на која студенти и стручњаци ќе ги презентираат стекнатите сознанија за време на проектот и...

Продолжи со читање

Чистење на река Коселска

Се расчистува речното корито на Коселска река

Post Views: 52 По реакцијата на жителите од селото Орман и објавените прилози на ТВМ дека има голема опасност од излевање на реката Коселска, денеска екипи на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Водовод“ започнаа акција за расчистување на речното корито на оваа река.Опасност од излевање на КоселскаОрманци стравуваат од излевање на Коселска рекаАктивностите се одвиваат по налог на Општина Охрид. Проблемот со затрупувањето на речното корито настанува поради одлагање шут и зелен отпад покрај речното корито, каде се создадени депонии на повеќе локации....

Продолжи со читање

ГКК Охрид

Градоначалникот на средба со ГКК Охрид

Post Views: 85 Градоначалникот на Охрид Кирил пецаков денеска оствари средба со дел од кошаркарите и претставници на Градскиот кошаркарски клуб Охрид.На средбата разговаравме за тековните натпреварувања и успесите кои ги постигнуваат. Во знак на благодарност за личната сорабтока која што ја имаме и соработката со Општина Охрид ми беше врачен дрес. Нашата замисла е континуирано вложување во спортот со цел градење на здрави навики кај младите и децата – информираше градоначалникот Пецаков.

Продолжи со читање

Насилство врз жена

Жител на Корча ја нападнал сопругата во Лескоец

Post Views: 37 На 23.11.2022 година во 11:10 часот во СВР Охрид приведен е У.Ш.(32) од Корча, Република Албанија.Тој, претходно, во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на С.В., агресивно се однесувал по што фрлил тврд предмет кон неговата сопруга и ја повредил. По поднесена пријава, од страна на Основниот суд во Охрид изречена му е мерка ,,протерување на странец од земјата” во траење од две години, по што е споведен до граничниот премин „Ќафасан” – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Гласот на младите

Младинските совети како глас на младите

Post Views: 65 Да се слушне гласот на младите, да се зголеми довербата, но и одговорноста на членовите на Локалниот младински совет во Охрид беше целта на денешната работна средба во рамки на проектот Млади за инклузија, еднаквост и доверба. Во просториите на Младинскиот Центар средношколци, членови на невладини организации и заинтересирани млади од Охрид, имаа можност да се запознаат со работата но и да ги изнесат своите потреби пред претставници на локалниот младински совет.„Младите да знаат дека постои вакво тело во општина Охрид и да се зголеми товарот на одговорност на...

Продолжи со читање

Охрид

Се крои туристичката промоција за лето 2023

Post Views: 41 Поголем прилив на средства се очекуваат во домашната туристичка индустрија во 2023 година. Плановите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), во соработка со чинителите во туризмот, се да оставарат 3,2 милиони ноќевања и 430 милиони долари прилив во државната  каса.За да се остварат поголеми приходи и да се следи предпандемискиот тренд, но и да се надминат годинешните реализирани 2,5 милион ноќевања, треба многу работа од сите чинители и  промоција на потенцијалите во авантуристичкиот туризам, етно-гастро концептот и турите Отворен Балкан,...

Продолжи со читање

Димитар Ковачевски

АНБ за 20 дена ќе има нов директор

Post Views: 33 За 20 дена Агенцијата за национална безбедност ќе има нов директор, кој ќе дојде на местото на досегашниот Виктор Димовски.Премиерот сепак, не сподели повеќе детали од вчерашната затворена владина седница на која АНБ реферираше за случајот со Онишченко, со образложение дека тоа е спротивно на законот, ниту дали евентуално ќе има некаква одговорност за Димовски.Одговарајќи на прашање на новинарите дали Димовски ќе понесе некаква одговорност во врска со државјанството на Олександр Онишченко, Ковачевски рече дека не може сподели детали од затворената...

Продолжи со читање