Автор: инфодеск
Post Views: 244 СУП клубот Охрид со нивната прва супер чистка за годинава, денес ќе се приклучaт на Генералка Викенд.-Тргнуваме од Канео до Грашница, ги чистиме околните плажите и места достапни само по вода. СУП, кајак и опрема за чистење се бесплатни и обезбедени од наша страна, велат од клубот.Збирното место за сите заинтересирани е плажата Канео во 9 часот.
Утре „Час за забава“ во организација на Црвен крст Охрид
Post Views: 134 Утре, две ПХВ групи со вкупно 12 младинци се здружуваат за да организираат незаборавен „Час за забава“ во Скејт паркот во Охрид, со почеток во 11:00 часот.Котизацијата за учество изнесува 50 денари, а целта на настанот е да се соберат финансиски средства кои ќе одат за реализација на овогодишните ЦКА-ПХВ проекти.Од општинската организација на Црвен крст информираат дека младите ги очекуваат друштвени игри, спортски активности, загатки и тимски предизвици, малку натпревар, но многу забава.–Понеси позитивна енергија, другари и желба за смеа!,...
Апостол и свештеномаченик Симеон, епископ Јерусалимски, сродник Господов
Post Views: 175 Еден од седумдесетте апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон поверува во Него како во Господ и Спасител и беше вбројан во седумдесетте апостоли. Со голема ревност и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја. Кога злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на јерусалимската Црква, тогаш овој Симеон, кој му беше роднина, го поставија за епископ во Ерусалим. Како втор епископ во Светиот Град, со голема мудрост и...
Променливо облачно со сончеви периоди и северен ветер
Post Views: 181 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР.Температурите во Охрид денес во интервал од 6 до 19 степени Целзиусови.
Андреа Савиќ и Славчо Мургоски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ најдобри на меѓународниот натпревар во мехатроника и електротехника кој се одржа во Словенија
Post Views: 283 ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Oхрид повторно прваци на меѓународниот натпревар во мехатроника, инженерство и електротехника „Балкан јуниор“, кој се одржа на 08.05.2025 година во Велење, Р. Словенија.Тимот составен од учениците Андреа Савиќ и Славчо Мургоски, ||| година од образовен профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, под менторство на професорите Владо Јанкулоски и Сања Јованоска го освои првото место во силна конкуренција од средни училишта од седум држави.Андреа и Славчо освоија максимум 100% во бодирањето од...
Охридските првачиња дел од големата Детска трка
Post Views: 121 Вкупно 455 првачиња од Охрид и Дебрца беа дел од големата Детска трка која се одржа денеска на стадионот „Билјанини извори“ во организација на АК „Охрид ТрчаТ“.Овој спортски настан кој во ваков концепт се организира четврта година по ред има за цел е да ги промовира спортските навики кај најмладите и да ја подигне свеста за поголема физичка активност.Свое поздравно обраќање пред младите учесници и публиката имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Чувствувам посебна радост и топлина во срцето што имам можност повторно да...
Продолжи дистрибуцијата на садови за селектирање на отпад во Охрид
Post Views: 132 ЈП.„Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден на улицата „Стив Наумов“ продолжи со дистрибуција на 120 литарски садови за селектирање на отпад кои се донација на Министсрството за животна средина и просторно планирање.Се работи за жолти садови за собирање на селектиран отпад од пластика и сини садови за селектиран отпад од хартија на домаќинства, кои се дел од вкупно 1.200 садови, доделени на Општина Охрид.Акцијата се реализира во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ чија цел е подобрување на управувањето со отпад на...
Известување за сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“
Post Views: 132 Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од ден 12.05.2025 година (понеделник) од 06:00 часот наутро, поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“, целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители “ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“.Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи од 12.05.2025 година од 06:00 часот наутро да не ја користат оваа улица за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на овој дел од улицата, со цел непречено одвивање на...
Денес и утре „Генералка Викенд“ во Охрид
Post Views: 216 Во организација на компанија „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад денес и утре со почеток во 10 часот, ќе се одржи Генералка Викенд во повеќе општини во државата.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина. За таа цел колективниот постапувач Нула Отпад бесплатно ќе го подигне целиот електронски отпад кој не е во употреба од домаќинствата и правните субјекти (стари печатачи, компјутери, телевизори, телефони, фрижидери, машини за перење и сл.), доколку се јавите на тел: 070 236 000...
Денес за првачињата ќе се одржи Охрид трчаТ ДЕТСКА ТРКА 2025
Post Views: 207 По повод Светскиот ден на физичката активност, АК Охрид трчаТ традиционално организира детска трка за првачињата. Сите првачиња на територија на Општина Охрид и Општина Дебрца ќе имаат можност да бидат дел од Охрид трчаТ Детска трка 2025.–Утре, стадионот „Билјанини Извори“ ќе блесне од енергија, насмевки и детска радост! За најмладите, трчањето е авантура полна со насмевки и забавни моменти! Да ги мотивираме децата да спортуваат, да се дружат, да развијат физички вештини, да бидат тимски играчи и да играат фер, велат организаторите.Учеството на...
Американскиот кардинал Роберт Превост е новиот папа
Post Views: 237 Кардиналот Роберт Превост, американски мисионер кој својата кариера ја помина служејќи во Перу и ја предводи моќната бискупска канцеларија на Ватикан, беше избран за првиот американски папа во 2.000-годишната историја на Католичката црква. Превост (69) го зел името Лав Четиринаесетти. Беше избран на вториот ден од гласањето, по четвртото гласање.Десетици илјади луѓе го пречекаа новиот папа со аплауз и извици „Да живее папата“ на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан. Во средата, 133-те кардинали со право на избори се повлекоа во Систинската капела во Ватикан...
Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски
Post Views: 123 Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да управува со целиот Исток, тој најпрво тајно, а потоа и јавно почна да ги гони христијаните и да го утврдува идолопоклонството. За тоа време, неговата жена многу тагуваше, но не можеше да го одврати мажот од нечестието. Кога се предаде на идолопоклонството, Ликиниј се предаде себеси на сите страсти, а најмногу на прељубништво. Заради нападот на оваа нечиста страст тој посака да ја оскверни девицата Глафира, којашто...