Skip to main content

Автор: инфодеск

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ од денес отворен за посетители

Views: 487 Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информира дека од денес, 3 јули 2026 година, официјално започнува со работа Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“, со што стартува летната сезона за рекреација и пливање.Базенот ќе биде отворен за посетители секој ден, во периодот од 08:00 до 19:00 часот.Од претпријатието најавуваат дека пливачките школи ќе започнат со работа од 6 јули (понеделник). Обуките ќе се одржуваат во следните термини:Претпладневен термин: од 08:00 до 13:00 часот;Попладневен термин: од 17:30 до 19:00 часот, во малото корито.Од ЈП „Билјанини...

Продолжи со читање

Свети Наум

Денеска се празнува Преподобен Наум Охридски – Чудотворец

Views: 195 Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јуни. На овој ден се празнува споменот на Преподобен Наум Охридски – Чудотворец.Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски Апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш свети Наум основаше манастир на јужниот брег...

Продолжи со читање

Лето фото: Ѓоко симјаноски

Сончево со температура до 29 степени

Views: 181 Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.Во Македонија променливо облачно со сончеви периоди. Попладне повторно ќе биде нестабилно наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Утре ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен...

Продолжи со читање

Улица кеј Македонија

Нов времен режим на сообраќај на дел од улиците „Кеј Македонија“ и „Ванчо Николески“

Views: 188 Општина Охрид ги информира граѓаните дека од 1-ви јули ќе започне да се применува нов времен режим на сообраќај на дел од улиците „Кеј Македонија“ и „Ванчо Николески“, со цел подобрување на безбедноста и непречено одвивање на сообраќајот.Ул. „Кеј Македонија продолжува да биде целосно пешачка зона без сообраќај од пресекот со бул. „Македонски Пеосветители“ до пресекот со ул. „Ванчо Николески“.Со новиот режим се воведуваат следните измени:На ул. „Кеј Македонија“ од пресекот со ул. „Јане Сандански“ до пресекот со ул. „Ванчо Николески“ се воспоставува двонасочен...

Продолжи со читање

Забрана за градежни работи до 31 август

Views: 263 До 31 август 2026 година во сила е забраната за изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид.Оваа забрана важи за просторот под булевар „Туристичка“ до Охридското Езеро и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50м и туристичките локации на потегот од каналот Студенчишта до манастирскиот комплекс „Св. Наум“, информираат од Општина Охрид.Оттаму посочуваат дека Одлуката за забрана за изведување градежни работи во летниот...

Продолжи со читање

„Охридски Комуналец“ отстрани 24 кубици отпад покрај патот Охрид – Свети Наум

Views: 187 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа акција за расчистување на повеќе мали депонии покрај магистралниот пат Охрид – Свети Наум, каде што беа подигнати големи количини несоодветно депониран кабаст и зелен отпад.Од јавното претпријатие информираат дека интервенциите биле спроведени на повеќе локации со ангажирање специјална механизација, при што биле отстранети вкупно 24 кубни метри отпад.Фотографиите од теренот повторно сведочат за деградирани јавни површини, кои не само што го нарушуваат изгледот на еден од најфреквентните туристички правци во земјата, туку...

Продолжи со читање

„Охридски Комуналец“ со интензивни активности за уредување на зелените површини низ Охрид и приградските населби

Views: 202 Екипите на секторот „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ и во изминатиот период спроведоа повеќе активности за уредување и одржување на јавните зелени површини во градот и приградските населби.Од претпријатието информираат дека е извршено косење трева и расчистување на дивата вегетација на повеќе локации, меѓу кои селото Коњско, населбите Исток и Гранит, селото Орман, каде што бил уреден и просторот околу црквата „Свети Наум“ и детското игралиште, како и долж патниот правец кон селата Горно Лакочереј и Ливоишта, сообраќајната клучка на влезот во Охрид и патниот...

Продолжи со читање

Полиција

Три лица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај клучката „Св. Еразмо“

Views: 191 Три лица, меѓу кои и две малолетни деца, се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на 1 јули околу 16:20 часот на автопатскиот патен правец Охрид–Подмоље, кај клучката „Св. Еразмо“.Според информациите од полицијата, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 70-годишен жител на струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.Во несреќата тешко се повредени возачот, како и две малолетни лица на возраст од 14 и 16 години, исто така од селото Подгорци. Повредените биле...

Продолжи со читање