Автор: инфодеск
Post Views: 104 Реновиран научно природниот музеј „Д-р Никола Незлобински” во Струга. Променета е комплетно целата дограма и покривот, средена е и фасадата. Во рамките на проектот поддржан од министерството за култура градежни зафати имаше и во енетериерно уредување, поставени се нови подни плочки, таваница и осветлување. Целосната реконструкција чини 3 500 000 денари.Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со природно научната поставка во подобрени услови.Се промени комплет кровната конструкција. Фасадата се освежи се реновира исто така и внатрешниот...
Граѓаните одблиску, катна гаража во Охрид
Post Views: 36 Обезбедување пристапни и квалитетни информации во врска со изградбата на најавената катна гаража е главниот фокус на иницијативата „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“. Целта е анимирање на охридската јавност и на локалните власти во врска со ова експонирана тема, застапена во повеќе предизборни кампањи. Вахид Мемед, претседател на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ – Охрид коe e имплементатор на проектот, смета дека ќе се подобри увидoт на јавноста во актуелните случувања и динамика на активностите што локалната ги спроведува по...
Реконструкција на игралиштето во Долно Коњско
Post Views: 42 Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско.Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити. Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со Охриѓани – информира градоначалникот Кирил Пецаков.Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Засадени зимзелени садници во ОЕМУЦ
Post Views: 59 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во заедничка акција со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.Денес реализиравме заедничка акција со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ засадувајќи зимзелени декоративни садници и цветен расад од сопствено производство во училишниот двор од оваа образовна установа. Дадовме заеднички придонес во подигнување на еколошката свест за зачувување на здрава животна средина, како и обврска за грижата на околината која не опкружува – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Мултиетнички фестивал Струга 2022
Post Views: 61 На 24-ти ноември 2022г. (четврток), во големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“- Струга, со почеток во 12:30 часот, традиционално по дванаесетти пат ќе се одржи Мултиетничкиот фестивал за деца Струга 2022.Оваа година публиката ќе ја забавуваат : Студиото за танц „БАХ“, КУД „Илинден“ Струга, Кристијан Танески – Kikster, Era & Elsa Sadiku, Andra Alushi, Фолклорна група од ПСУ „Јахја Кемал“, Енес Аго со турска песна, Ивона Тасеска, Art Centar, ќе има и неколку забавни точки во изведба на учениците од средното музичко училиште „Тодор...
Нов асфалт на неколку улици во Долно Лакочереј
Post Views: 42 Во тек се подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици во село Долно Лакочереј.Според планот предвидено е асфалтирање на вкупна површина од 1300 м2 – напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.Во склоп на годишните програми на Општина Охрид, претходно беа асфалтирани и неколку улици во селото Горно Лакочереј.
Утрово камион пропадна на плоштад Македонија
Post Views: 50 Камион утрово пропадна на плоштадот „Македонија“. Станува збор за возило на приватна компанија кое со тркалата пропаднало во плочникот во делот каде се наоѓа партерната фонтана.Камионот е со турски регистерски таблички и е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје.Ова не е првпат камион да пропадне во партерната фонтана на плоштадот. И пред три месеци пропадна камион, кој беше извлечен со возило на „Градски паркинг“. Од Град Скопје тогаш најавија санкции против приватната фирма чиј камион влегол на плоштадот „Македонија“....
Падна снег на Маврово и Попова Шапка
Post Views: 34 Прогнозата на УХМР за снег на повисоките планини се оствари.Утрово на планините околу Мавровското Езеро падна првиот снег.Според временската прогноза и денеска се очекуваат повремени врнежи од снег на повисоките планини, претежно во западните делови на Македонија.Снег има и на Попова Шапка.







